Временска прогноза
До средина на седмицата Грција ќе ја зафати големо невреме од дожд и силен ветер
Дo средината на оваа седмица, централниот дел од нашиот јужен сосед Грција буквално ќе биде потопен. Покрај екстремно количество на дожд се очекува и силен ветер, силни грмежи и појава на град.
Се очекува да наврнат од 200 до дури над 500 литри дожд, тоа можете да го погледнете и во најновото ажурирање на метеоролошката карта:
Токму ова е поради циклонот кој се наоѓа над Егејското море, но и поради загреаноста на истото.
Апелираме доколку нашите граѓани се наоѓаат во овој дел од нашиот јужен сосед веднаш да го напуштат истиот, и ги советуваме доколку планираат да патуваат овие денови кон Грција, тоа во никој случај да не го прават и тоа поради очекуваното силно невреме кое ќе услови големи поплави кој би можеле да бидат и опасни по човечкиот живот, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Кичево11 часа
(ФОТО) Прекрасен ден со најмилите деца од Кичево, кои денес гласно го прославија „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!
-
Кичево3 часа
(ВИДЕО) Погледнете ја оваа убавина од денешната поворка за Лазарева сабота
-
Култура18 часа
Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (28 април)
-
Спорт24 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите
-
Социјални мрежи1 ден
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите