Временска прогноза
Сепак септември со себе ќе носи и пријатно топли дневни температури
Иако ветровито, сепак во следните денови ќе биде значително потопло преку ден, особено од петок па за време на викендот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, што значи дека пред нас се пријатно топли летни септемвриски денови.
До четврток ќе има повеќе облачност, но и сончеви периоди и услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во јужните и југозападните предели. Од петок и за време на викендот ќе имаме многу повеќе сончеви периоди, додека брзината на ветерот насекаде значително ќе се намали.
Сепак наутро ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, а понекаде, особено во Малешевијата температурата ќе се спушти и под 10 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно стабилно и суво со сончеви периоди, но ветровито. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15 и 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес уште постуден бран, а следуваат поројни дождови и снег на планините
Под влијание на уште постуден воздушен бран од север и од североисток, од денес, па и во почетокот на следната седмица температурите ќе опаднат за 4 до 8 степени во однос на сегашните, а облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на повремен локален дожд, додека на планините повремено ќе врне снег, со што е можна појава и на првата снежна покривка за оваа сезона таму, иако истата ќе биде тенка.
Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
И во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми, и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Наутро, особено денес, како и во понеделник температурите повторно ќе бидат особено ниски и на повеќе места низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, додека особено во Беровскиот регион температурата се очекува да се спушти до околу -7, -8 степени.
Што се однесува до максимални дневни температури, денес (недела), како и во почетокот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2 и 1 степен, додека максималната дневна ќе се искачува до околу 14 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Следната седмица на многу места ширум Македонија температури до околу -10 степени
Студениот период кој не зафати деновиве ќе се задржи и во следниот период, па и во текот на речиси цела наредна седмица. Покрај ова, следната седмица ќе биде уште постудена од оваа со максималните дневни температури кој на многу места нема да надминуваат 10 степени, па и ќе се задржат под 10 степени. Само во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 14 степени.
Мора да напоменеме дека особено наутро и тоа во почетокот на следната седмица ќе биде особено студено со минимални температури кои во поголем дел од државава и понатаму ќе се спуштаат под нулата. Понекаде, особено на високите места, како и во Беровскиот регион наутро температурата се очекува да се спушти дури до близу -10 степени.
Исто така, во почетокот на следната седмица ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има повремен снег, со што можно е да се формира помала снежна покривка. Не се исклучува можноста за прв пат оваа сезона по некоја снегулка да провее и на местата со помала надморска височина.
Се на се, зимата и тоа како ја чувствуваме деновиве, особено во ноќните и во утринските часови, а со уште поголем интензитет ќе ја чувствуваме следната седмица, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Од следната седмица се очекува снег на високите места во Македонија
Под влијание на уште постудена воздушна маса од север, почетокот на следната седмица ќе донесе уште пониски температури на воздухот за разлика од сегашните, а ќе има и повеќе облачност.
Особено во понеделник ќе има и повремени локални врнежи од дожд на ниските места, додека на планинските и повисоките места ќе има повремен снег, со можност за формирање на тенка снежна покривка. Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее и на помала надморска височина (под 1000 метри надморска височина), па така услови за провејување на првите снегулки за оваа сезона во понеделник ќе има во повисоките населени места.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.
И во Скопскиот регион во почетокот на следната седмица ќе биде постудено, а во понеделник ќе има услови за повремен локален дожд.
Што се однесува до температурите, наутро тие во почетокот на следната седмица ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 6 до 15 степени во најтоплите југоисточни предели, вели Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (10 ноември)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Вечерва се реализира спектакуларен концерт на КУД „Нико Пусоски“ од Кичево, каде со своето присуство настанот го збогатија гостите од соседна Србија
-
Временска прогноза21 час
Од денес уште постуден бран, а следуваат поројни дождови и снег на планините
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за понеделник (11 ноември)
-
Lifestyle2 дена
Пет лесни начини за омекнување на тврдо парче месо
-
Автомобили2 дена
Зошто автомобилските гуми се црни? Историски развој и значење
-
Гејминг1 ден
Кога финално излегува „GTA 6“ – фановите нестрпливи?