Временска прогноза
Доаѓа многу ладно време -10 С°, додека на високите места и до -15 С° – ова се деталите..
Како што веќе кажавме и најавивме, во остатокот од овој викенд времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.
До крајот на денов исто така ќе има услови за локално провејување на снег, особено во северните предели.
Во Скопје и околината во остатокот од викендов времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималните температури ќе се искачуваат до околу 5 степени.
Потоа во почетокот од следната недела се очекуваат повеќе сончеви периоди, но наутро ќе биде уште постудено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека на планинските места истите се очекува да се спуштат до околу -15 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалотод -1 до 7 степени. Исклучок ќе биде понеделник кога ќе биде малку потопло и тогаш во најтоплите предели од државава температурите се очекува да се искачат до околу 11 степени.
ФОТО: pexels / Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима
Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и токму на овие места ќе се формира снежна покривка.
И во Скопје и околината продолжува облачното и врнежливо време со повремено обилни врнежи од дожд и со повремено засилен ветер од северен правец.
– Локално до недела (30 Ноември) повторно ќе наврне големо количество на воден талог (нови над 50 литри дожд). Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила и да не се движат покрај водотеците поради опасноста од ново зголемување на нивоата на реките и на езерата кај нас и нови поплавувања.
Поради понатамошно спуштање на ладен воздух од север за време на викендот, особено во недела на 30 ноември врнежи од снег ќе има и на местата под 1000 метри надморска височина а тоа значи дека повремен снег ќе има и во повисоките населени места во Македонија. Викендов и на околните планини во Скопје ќе има повремени врнежи од снег а можност за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.
Температурите особено викендов значително ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 7 степени, доцна вечерва информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне во Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо количество на воден талог (над 30 литри дожд) а значително поголемо количество на врнежи повторно ќе наврне во западните и во југозападните предели (локално над 70 литри дожд).
И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе наврне значително количество на дожд (над 30 литри дожд). Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.
Поради очекуваните нови обилни дождови апелирам особено возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците и тоа поради можноста за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија а исто така можни се и нови поплавувања, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
-
Кичево1 ден(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево8 часаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (30 ноември)
-
Хороскоп19 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Здравје и убавина22 часаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Македонија1 денКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
-
Здравје и убавина20 часаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
На денешен ден17 часаВремеплов: На денешен ден (1 декември)
