Временска прогноза
Викенд метео анализа, снежни врнежи и студено време..
Доцна попладне и во вечерните часови ќе има услови за локално провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.
Потоа за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Утре ќе има услови за локално провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.
Повеќе сончеви периоди се очекуваат во првите денови од следната недела.
Известува Славчо Попоски за Утрински Брифинг
Временска прогноза
Пред нас сушен период со ниски утрински температури, ова се последните метео вести
Новата седмица која е пред нас, односно во периодот од 14 октомври, па се до 21 Октомври, територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), со центар над источна Европа.
Во ваква ситуација кај нас ќе продолжи стабилното, суво и релативно топло време преку ден, додека наутро ќе биде постудено, а од средината на седмицата во утринските часови по котлините и речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Недостаток на врнежи, односно сушен период ќе има над целата територија на Балканскиот Полуостров.
Што се однесува до температурите, до средината на седмицата тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, а потоа ќе бележат тенденција на пад, па така веќе наутро понекаде тие ќе се спуштаат до околу, па и за некој степен под нулата, особено во Беровскиот регион, како и на повисоките населени места и на планините, вели метеорологот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Денес и утре „мини-лето“ преку ден, додека утринските температури ќе бидат ниски
Денес (четврток) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво, сончево и топло, со појава на умерена локална облачност, додека утре (петок) повторно на кратко и локално ќе има услови за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Денес (четврток), како и утре (петок) повремено ќе засилува и ветерот од југозападен правец, особено во западната половина од државава и во Пелагониско.
Во Скопскиот регион денес (четврток) времето ќе биде стабилно, суво, сончево, и топло со појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре (петок) во делови од регионот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бележат тенденција на пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14, што значи дека тие ќе бидат во позначителен пораст, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 11 и 13 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува до околу 27 степени.
НАПОМЕНА: Овие температури кои ќе ги имаме денес и утре (петок) ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со центар над Џенова, денес (петок) најпрвин во западните предели, а во текот на попладнето и вечерта, како и ноќта кон утре (сабота) ќе се прошират врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).
И во Скопскиот регион денес (петок) особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер, како и со услови за појава на грмежи.
Што се однесува до температурите, тие во петок и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 29 степени, пишува Славчо Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (15 октомври)
-
Кичево5 часа
Денес е меѓународен ден на руралната жена, кичевчани горди на домаќинките од нашиот крај кои ја негуваат традицијата
-
Автомобили1 ден
Вечната дилема: Дали треба да се загрее моторот пред возење?
-
Хороскоп46 минути
Хороскоп за среда (16 октомври)
-
Спорт14 часа
Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за „УЕФА Б“ курс.
-
Технологија1 ден
Најдобрите паметни часовници за 2024 година
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација вчера забележа победа против Ерменија и го бетонира првото место во групата
-
Македонија3 часа
Гостин од Австрија во хотел во Охрид било пријавено дека паднал од балкон