Следете не

Временска прогноза

Доаѓа најавеното невреме проследено со дожд и грмежи

Објавено пред

на

Невремето доаѓа од запад, а особено утре, Попоски најавува големо невреме, кое го најавивме за Македонија, како и за целиот регион ќе прави ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ. 

Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, на МНОГУ МЕСТА низ Македонија ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради особено ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, на повеќе места ќе има појава на ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер, како и со појава на крупен град.

Постои опасност од ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ).

Температурите остануваат летни и нема многу да се менуваат во споредба со оние кои ги имаме сега.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски за Еспресо, предупредувајќи ова да се сфати сериозно. 

Временска прогноза

Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и токму на овие места ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје  и околината продолжува облачното и врнежливо време со повремено обилни врнежи од дожд и со повремено засилен ветер од северен правец.

– Локално до недела (30 Ноември) повторно ќе наврне големо количество на воден талог (нови над 50 литри дожд). Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила и да не се движат покрај водотеците поради опасноста од ново зголемување на нивоата на реките и на езерата кај нас и нови поплавувања.

Поради понатамошно спуштање на ладен воздух од север за време на викендот, особено во недела на 30 ноември врнежи од снег ќе има  и на местата под 1000 метри надморска височина а тоа значи дека повремен снег ќе има и во повисоките населени места во Македонија. Викендов и на околните планини во Скопје ќе има повремени врнежи од снег а можност за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.

Температурите особено викендов значително ќе се намалат  и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 7 степени, доцна вечерва информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне во Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо количество на воден талог (над 30 литри дожд) а значително поголемо количество на врнежи повторно ќе наврне во западните  и во југозападните предели (локално над 70 литри дожд).

И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен ветер од јужен правец.  Во делови од котлината ќе наврне значително количество на дожд (над 30 литри дожд). Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.

Поради очекуваните нови обилни дождови апелирам особено возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците  и тоа поради можноста за ново зголемување на нивоата на реките  и на езерата во Македонија а исто така можни се и нови поплавувања, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни бранови. Во ваква ситуација од оваа вечер  и претстојната ноќ како и утре (петок 21 ноември) и за време на овој викенд ни следуваа нови обилни врнежи од дожд проследини со засилен ветер од јужен правец  и со локална појава на грмежи. Локално овие процеси повторно ќе бидат застапени во форма на невреме.

На повеќе места ќе наврне ново големо количество на воден талог (локално нови над 50 литри дожд). Токму поради ова постои можност за нови поплавувања и понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија. На возачите ги советувам да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во делови од котлината повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа нови над 30 литри дожд.

Што се однесува до температурите тие до сабота остануваат да бидат натпросечно високи и без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење.

Продор на ладен бран од север кој значително ќе ги спушти температурите очекувам од недела 23 ноември кога на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (28 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија11 часа

Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle13 часа

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за...

Кичево14 часа

ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија17 часа

АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента

Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово...

На денешен ден17 часа

Времеплов: На денешен ден – 27 ноември

На денешен ден 27 ноември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Временска прогноза1 ден

Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (27 ноември)

ОВЕН Не се потпирајте премногу на другите луѓе и на она што го слушате што не е потврдено. Ако одлучите...

Македонија1 ден

„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање

По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без...

Фото: Jakob Owens @ unsplash Фото: Jakob Owens @ unsplash
Магазин2 дена

Google Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност

Google Photos воведува шест нови функции базирани на вештачка интелигенција, со што значително ги проширува можностите за уредување, пребарување и...

НАЈЧИТАНИ