Временска прогноза
Сѐ по извесно локално невреме со врнежи од дожд и електрични празнења за време на викендот

Топлотниот бран кој ја зафати Македонија, како и целиот регион и донесе за прв пат вистински летни температури оваа сезона, ја загрева многу Атмосферата и истата ја исполнува со МНОГУ ЕНЕРГИЈА.
Токму поради ова, но и поради влијанието на ГОЛЕМАТА влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, понатаму, а особено за време на викендот кај нас на многу места ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за релативно кратко време, силни громови и грмежи, како и појава на град кој локално би можел да биде дури и од поголема величина и би можел да направи штети, особено врз земјоделието.
И во Скопскиот регион за време на викендот ќе има појава на пороен дожд, силни грмежи, како и услови за појава на град, а можни се и локални поплавувања. Инаку низ Македонија повторно ова невреме би можело да донесе ПОПЛАВИ, како и излевање на некои помали реки.
Температурите особено од недела ќе бидат во ПАД за неколку степени, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни и чести електрични празнења за време на викендот, граѓаните да не претстојуваат на отворен простор, како и под осамени дрвја и да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ, информира Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека температурите ќе бидат натпросечно високи, а врнежите ќе бидат под просекот.
Сепак повремено може да се очекува прилив на поголем влажен воздушен бран кој би условил и поинтензивни врнежи од дожд.
Се на се, така нареченото “Мини лето” ќе продолжи и во текот на овој месец, а вие ваквото прекрасно време максимално искористете го за правење на зимница.
Температурите во следните денови наутро ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 13 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени.
Првичните анализи пак за зимата 2023/2024 укажуваат на тоа дека ќе имаме повеќе врнежи од снег, но ќе биде и постудена за разлика од изминатите години.
Напомена: Долгорочните анализи и не се баш прецизни, и ние ваквите анализи ги користиме како за резерва, за најпрецизни анализи, најдобро е граѓаните да ги следат нашите пократкорочни анализи на времето, кои се многу попрецизни, за Порта вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината

Пред нас е еден долг период на сушно и стабилно време, иако повремено и локално можна е појава на многу слаб дожд (ништо посебно). Наутро температурите остануваа пониски и ќе биде свежо, кога на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се спуштаат до околу 15, 16 степени.
Во Скопје очекуваме случно време, пријатно топло преку ден и релативно свежо наутро.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, а пад на истите за неколку степени се очекува од 6 октомври. Тогаш утрата барем одсега гледано ќе бидат уште посвежи, но и понатаму ќе продолжи сувиот период без врнежи.
Октомври месец оваа година би можел да биде многу сушен во нашиот дел од Европа. Секако ние ќе ги следиме континуирано работите и развојот на времето, и навремено ќе информираме за секоја ново – настаната временска состојба кај нас и пошироко во регионот, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас период на топли есенски денови, ова се сите информации..

Во деновите кои се пред нас ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд.
Ќе биде пријатно топло преку ден, што значи дека температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој период од годината.
Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат до околу 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 27 степени.
Да напоменеме дека и во следниот период ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
И во првите денови од месец Октомври ќе имаме „Мини лето“ со пријатни температури на воздухот преку ден, а вие овие денови максимално искористете ги за уживање, или пак за правење на зимница, пишува Славчо Попоски за Порта.мк
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Временска прогноза17 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Скопје10 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“