Следете не

Временска прогноза

Доаѓа најавеното невреме проследено со дожд и грмежи

Објавено пред

на

Невремето доаѓа од запад, а особено утре, Попоски најавува големо невреме, кое го најавивме за Македонија, како и за целиот регион ќе прави ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ. 

Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, на МНОГУ МЕСТА низ Македонија ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради особено ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, на повеќе места ќе има појава на ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер, како и со појава на крупен град.

Постои опасност од ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ).

Температурите остануваат летни и нема многу да се менуваат во споредба со оние кои ги имаме сега.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски за Еспресо, предупредувајќи ова да се сфати сериозно. 

Временска прогноза

Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините

Објавено пред

на

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките центри, па така најладно утринава до 7 часот беше во Битола со -5 степени и во Прилеп со -4 степени. Највисока минимална температура во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.

Снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 40 сантиметри на Попова Шапка, 31 сантиметар во Маврово, 15 сантиметри во Крушево и 10 сантиметри во Битола.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени по градови и места утрово до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку, по котлините, особено оние во Полошкиот, Пелагонискиот  и Повардарскиот регион е многу магливо и со ниска облачност, па во овие котлини како што веќе напоменав е многу поладно за разлика од повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри. Густа магла секако има и во Скопската котлина, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Температури во пораст и магла особено во кичевскиот регион

Објавено пред

на

Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините.

Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има и во Скопската котлина и кичевскиот регион.

Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат  и под нулата, па така  и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.

Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. Но како што напоменав, значително поладно ќе биде во котлините со густа магла и ниска облачност.

И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.

Се на се, температурната инверзија ќе ја имаме и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и Скијачките центри, вели Славчо Попоски во најновата метео анализа.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло

Објавено пред

на

Кога сме веќе во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), и кое ќе продолжи до крајот на седмицава, и сето ова ќе биде придружено со значително поголема влажност во воздухот. Во ваква ситуација по котлините и понатаму ќе има појава на густа магла и токму на овие места ќе биде многу поладно, појава на густа магла понатаму ќе продолжи да има  и во Скопската котлина. Ќе биде претежно тивко и променливо облачно.

Во петок ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се задржат за некој степен над или околу нулата, а во котлините со магла тие ќе бидат пониски и ќе се спуштаат под нулата, а многу поладно за разлика од другите места, односно повисоките, планинските места и Скијачките центри ќе биде токму во котлините со густа магла и ниска облачност и преку ден.

Што се однесува до максималните дневни температури, тие ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуват во интервалот од 8 до 16 степени, во Скопје таа постојано ќе биде до околу или под 10 степени, а наутро таа ќе се спушта до близу или околу нула степени.

Да напоменам дека кога котлините се поладни од високите места  и планините, тоа се нарекува температурна инверзија, која се очекува да продолжи во Македонија и во следните денови, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза13 минути

Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките...

Македонија4 часа

Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!

Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за сабота (25 јануари)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Социјални мрежи15 часа

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија,...

Спорт18 часа

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од...

Македонија19 часа

Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија

На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (24 јануари)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

Спорт2 дена

(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина

Предмалку Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ преку својата социјална мрежа обзнани фотографија со Горан Пандев, спортскиот директор...

Спорт2 дена

ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија

ФФМ исткана оглас за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија. Во продолжение, заинтересираните кандидати може да...

Кичево2 дена

Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот...

НАЈЧИТАНИ