Следете не

Временска прогноза

Доаѓа период на стабилно и суво време, утре краткотрајна облачност и можност за локални врнежи од дожд, ова се најновите метео вести..

Објавено пред

на

Следува период на стабилно и суво време, а студот полека ќе попушта. Само утрe ќе има повеќе облачност во Македонија и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на пониските места, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува снег.

До крајот на оваа недела, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 13 степени. Кон крајот на оваа, како и на самиот почеток од следната недела повторно температурите наутро понекаде ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени, пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Метео анализа за лето 2024, пред нас пеколни горештини но и временски непогоди, ова се информациите

Објавено пред

на

©porta.mk

Со оглед на тоа дека летото сеуште календарски не е започнато, а од друга страна веќе се соочивме со првиот бран на многу високи температури на воздухот кои беа натпросечно високи за овој период од годината. Секако ова не значи дека пред нас е екстремно топло лето, напротив според долгорочните прогнози со кои ние располагаме ќе имаме едно нормално топло лето, што значи дека не очекуваме некои долготрајни топлотни бранови. Секако топлотните бранови ќе ги имаме и тие ќе условуваат многу високи температури на воздухот, но ќе траат пократко за разлика од изминатите години.

Тука се и временските непогоди кои ќе бидат почеста појава и ова лето, особено во јули и во август кога би можело да имаме и поголеми временски непогоди и натпросечно количество на врнежи за тие месеци.

Да напоменеме дека тука ни е и метеоролошкиот феномен „Ла Ниња“ која особено ќе добива на интензитет кон крајот на ова лето. Таа носи пониски температури и го лади Европскиот Континент, кај нас врнежите токму поради овој метеоролошки феномен во иднина ќе ги има повеќе.

Со оглед на тоа дека се работи за сезонска и долгорочна прогноза, граѓаните истата не треба да ја земаат здраво за готово и дека промени во истата се можни, што значи дека сезонските прогнози се со помала веројатност за остварување, истакна Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Сепак за утре најава за пороен дожд и грмежи?

Објавено пред

на

Многу топло, но со сосема малку пониски температури за разлика од денес ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Сепак поради продор на ладен атмосферски фронт од северозапад, во текот на утрешната ноќ кон петок, како и во петок во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Поради брзиот продор на ладниот атмосферски фронт од северозапад кој ќе пристигне на многу загреана атмосфера и исполнета со енергија поради повеќе дневниот топол бран од Африка, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде  и покрупен.

И во Скопскиот регион во текот на утрешната ноќ кон петок, како и во петок ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме.

Апелираме граѓаните во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите да се заштитат.

Што се однесува до температурите, тие во петок позначително ќе опаднат, и тоа за 8 до 10 степени во споредба со сегашните и во петок максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени, за Порта пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Сепак во петок пад на температурите за околу 10 степени, топлото време попушта

Објавено пред

на

По максимумот на овој топол бран кој во најтоплите предели од Македонија ќе донесе температури и до околу 40, 41 степен, следува поголемо освежување на времето и тоа во петок, што значи дека многу топло, но со сосема малку пониски температури на воздухот за разлика од денес  и утре ќе имаме и во четврток.

Во четврток попладне можна е изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Веќе во петок и тоа под влијание на студен атмосферски фронт од северозапад во Македонија ќе имаме зголемена облачност и ќе биде нестабилно, на многу места со врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни (во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град).

Температурите позначително ќе се намалат, па така во петок тие ќе бидат дури за околу 10 степени пониски од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури во петок ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (15 јуни)

ОВЕН Неочекувани препреки ќе излезат неочекувано на вашиот пат. Но немојте да паничите. Тоа не е лоша среќа, само потсетување...

Временска прогноза5 часа

Метео анализа за лето 2024, пред нас пеколни горештини но и временски непогоди, ова се информациите

Со оглед на тоа дека летото сеуште календарски не е започнато, а од друга страна веќе се соочивме со првиот...

Lifestyle16 часа

Се почесто се појавуваат комарци и крлежи. Еве како да се заштитите ова лето

Комарците и крлежите можат да пренесат векторски болести кои се пренесуваат и се почесто се појавуваат. Лајмската болест е заразна...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (14 јуни)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Магазин2 дена

Никогаш не би погодиле: Дали знаете што значи зборот „Google“?

Google е основан во 1998 година од компјутерските научници Лари Пејџ и Сергеј Брин – но дали знаете што всушност...

Магазин2 дена

Apple објави нова листа на застарени уреди

Apple објави нова листа на уреди за кои ја прекинува поддршката. Меѓу нив беа iPhone 5S, 21,5″ iMac и шестата...

Технологија2 дена

„nVIDIA“ го престигна „Apple“ и стана втора највредна компанија во светот

Nvidia достигна рекордни височини и ја надмина границата од 3 трилиони долари. Со тоа го престигна Apple и стана втора...

Спорт2 дена

На првиот контролен меч против Црна Гора, футсал Македонија победи, додека вториот се игра утре после пладне

Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора. Дуелот одигран во Никшиќ мина во наша...

Култура2 дена

Денес е празник, денеска е „Спасовден“, четириесет дена по Велигден, ова се обичаите и верувања за овој голем празник

Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (13 јуни)

ОВЕН Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се...

НАЈЧИТАНИ