Временска прогноза
Изутринава се очекуваат температури и до 20 степени под нулата, ова важи особено за битолскиот а и беровскиот регион, во продолжение најнови метео вести..

Претстојната ноќ во Македонија повторно ќе биде екстремно студена и ведра. На многу места температурата ќе се спушти до околу -10 степени, понекаде и до -15 степени. Ќе има места, особено битолскиот и беровскиот регион каде што температурата ќе се спушти до околу -20 степени.
Потоа во следните денови студот малку ќе попушти, особено во текот на денот, иако и понатаму ќе биде релативно студено. Многу студено ќе остане наутро кога температурите понекаде повторно ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.
Инаку екстремно студено е и во регионот, па така во делови од Босна температурата се спушта и под -23 степени.
Некои нови обилни врнежи од снег барем засега не се очекуваат, за Порта.мк истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24 март па се до 30 март) ќе бидеме под влијание на длабок циклонски систем кој ќе се развие југозападно од нас, односно над Медитеранот. Во ваква ситуација, ќе имаме многу променливо, но релативно топло време со чести повремени врнежи од дожд.
Повремено и локално ќе има пообилни и поројни врнежи, проследени со грмежи и со засилен јужен ветер (над 60 км/час), а процесите повремено ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме. На повеќе места за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд).
И во Скопје и околината поради оваа циклонска активност, во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со повремено засилен јужен ветер.
Што се однесува до температурите, тие наутро насекаде ќе бидат над нулата, а максималните дневни исто така ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, предмалку информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.
Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, рано утрово не информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.
Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.
И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
-
Македонија11 часа
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Кичево2 дена
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура14 часа
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Магазин1 ден
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?
-
Lifestyle1 ден
Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење