Култура
Доаѓа празникот св.Атанасиј – популарно познат како „Танасовден“ зимен, се верува дека од овој празник сѐ е полесно

На 31 јануари доаѓа Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Култура
Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка

Денес се одбележува споменот на Преподобната маченичка Параскева, која во народот е позната и како Света Петка.
Таа е родена во Рим во христијанско семејство и уште од мали нозе била воспитана во духот на христијанската вера. Со голема посветеност ги исполнувала Божјите заповеди и преку својот живот исполнет со доблести, влијаела и на другите луѓе да тргнат по патот на спасението.
По смртта на нејзините родители, го разделила целиот имот на сиромашните и се замонашила. Како монахиња, уште поревносно ја ширела христијанската вера, иако во тоа време таа била строго забранета и жестоко гонета од римските власти.
Првата тужба против неа ја поднеле злобни луѓе, кои ја пријавиле заради проповедање на верата во Христа. Ја изведоа пред римскиот цар Антонин, кој се обиде со убеди и ласкања да ја натера да се откаже од верата, но без успех. Потоа ја изложиле на страшни маки – ѝ ставиле врел метален шлем на главата, но Господ чудесно ја заштитил и таа останала жива. По ова чудо, побегнала од Рим.
Продолжила да патува од град во град, обраќајќи го незнабожечкиот народ кон христијанството. И во други градови била судена и мачена, но со Божја сила извршувала чуда и чудесно се опоравувала од маки.
Незнабошците ги припишувале тие чуда на магија, а нејзиното заздравување на нивните идоли. Еден кнез, мачител, ѝ рече дека нејзиното спасение се должи на неговите богови, но светицата му возврати: „Не ме спасија твоите богови, туку мојот Христос – вистинскиот Бог“.
На крај, кнезот Тарасиј ја погубил со меч. Така заврши животот на Света Петка – со маченичка смрт, но и со голема слава. Нејзините свети мошти подоцна биле пренесени во Цариград. Таа го претрпе мачеништвото во вториот век, оставувајќи силен белег во историјата на христијанството.
Култура
122 години „Илинден“ – Честит именден на сите кои го носат името Илија, Илчо, Илинка, Илина, Иле…

Големиот македонски празник, 122 години „Илинден“ најмногу го асоцира македонскиот народ на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.
Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.
Пророк кој пали и гаси на небото и земјата. Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо.
Македонските граѓани денеска го прославуваат Денот на Републиката, 2 август. Чествувањата на големиот празник на македонската борба за слобода.
Култура
Филмови што критиката ги мразеше, а публиката ги направи хитови

Некои филмови добиваат лоши оценки од критичарите, но сепак освојуваат огромна публика и стануваат култни класици. Ова е список на 10 такви филмови – каде разликата помеѓу критика и публика е очигледна, а љубовта кон нив и денес трае.
10. Snatch (2001)
+28,5 поени (Metacritic: 55 / Rotten Tomatoes: 74% / Audience: 93%)
Комична криминална приказна од Гај Ричи со брз ритам, шармантни дијалози и уникатни ликови. Иако не ги импресионираше критичарите, публиката го обожава.
9. Green Street Hooligans (2005)
+37 поени (Metacritic: 55 / Rotten Tomatoes: 45% / Audience: 87%)
Приказна за хулиганите и фудбалската култура во Англија. Филмот со Елајџа Вуд стана симбол на братството, честа и насилството што го опкружува спортот.
8. Fear and Loathing in Las Vegas (1998)
+43 поени (Metacritic: 41 / Rotten Tomatoes: 51% / Audience: 89%)
Психоделичен и хаотичен пат низ Лас Вегас инспириран од романот на Хантер С. Томпсон. Џони Деп и Бенисио дел Торо нудат незаборавни изведби во ова лудило од филм.
7. Equilibrium (2002)
+44,5 поени (Metacritic: 33 / Rotten Tomatoes: 40% / Audience: 81%)
Сајфа акција со Кристијан Бејл во улога на таен агент во свет без емоции. Иако не ги освои критичарите, многу обожаватели го сметаат за скриен бисер.
6. Law Abiding Citizen (2009)
+45 поени (Metacritic: 34 / Rotten Tomatoes: 26% / Audience: 75%)
Приказна за одмазда и правда, со Џерард Батлер и Џејми Фокс. Публиката уживаше во интензитетот и моралната дилема, и покрај критиките.
5. Man on Fire (2004)
+46 поени (Metacritic: 47 / Rotten Tomatoes: 39% / Audience: 89%)
Дензел Вашингтон блеска како поранешен агент кој бара одмазда за киднапирањето на девојчето кое ја менува неговата душа. Емоционален и моќен трилер.
4. Warcraft (2016)
+47 поени (Metacritic: 32 / Rotten Tomatoes: 26% / Audience: 76%)
Филм базиран на популарната видео игра. И покрај негативните критики, љубителите на франшизата го прегрнаа визуелно спектакуларниот свет на Орките и Луѓето.
3. Venom (2018)
+47 поени (Metacritic: 35 / Rotten Tomatoes: 31% / Audience: 80%)
Суперхеројски анти-херој со Том Харди во главната улога. Весел, хаотичен и често непредвидлив, но публиката го направи феномен.
2. The Butterfly Effect (2004)
+49 поени (Metacritic: 30 / Rotten Tomatoes: 34% / Audience: 81%)
Аштон Кучер во неочекувано драматична улога во филм кој се занимава со времето, минатото и последиците од секоја одлука. Вистинска мисловна авантура за гледачите.
1. The Boondock Saints (1999)
+56 поени (Metacritic: 44 / Rotten Tomatoes: 26% / Audience: 91%)
Двајца браќа стануваат свети убијци во Бостон. Критиката го игнорираше, но обожавателите го направија култна сензација.
Извор: Bug
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија2 дена
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото
-
Спорт2 дена
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот
-
Временска прогноза18 часа
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Технологија2 дена
„Google“ објави нови месечни ажурирања за својот систем за „Android“ уреди, еве што е ново
-
Македонија11 часа
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило