Временска прогноза
Доаѓа нова бура на дождови, и тоа денес во попладневните часови под влијание на циклон

Под влијание на циклон кој е со центар западно и северозападно од нас, овој викенд, како и во почетокот на следната седмица во Македонија во попладневните часови повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, истакна Славчо Попоски
Сепак, поради големата енергија во атмосферата токму поради топлиот бран од Африка, ќе се создадат услови за локално, но силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град кој би можел да биде крупен во ваква ситуација.
И во делови од Скопскиот регион постои услови за попладневна нестабилност, но и услови за појава на невреме.
Попоски исто така апелира, граѓаните и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Секако во случај на појава на крупен град и на силен ветер автомобилите да се заштитат.
Што се однесува до температурите, тие овој викенд, како и во почетокот на следната седмица ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално би можеле да надминат и 35 степени. Во Скопје за време на овој топол бран температурата ќе се искачи до околу 31-32 степени.
Временска прогноза
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.
Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.
Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.
Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови

Во моментов, од север кон Македонија се спушта влажен фронтален бран кој со себе нови локални но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ова значи дека во следните часови најпрвин во северните, а потоа и во западните предели ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Уште од следните часови можна појава нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер можна е и во делови од Скопскиот регион.
Во текот на денов кај нас следува ново големо дестабилзирање на атмосферата. Многу повеќе детали токму оволу ова следуваат наскоро, утрово информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C
-
Магазин3 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин3 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Автомобили3 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа