Временска прогноза
Конечно од утре стабилно време, ова се сите информации

Конечно од утре во Македонија ќе имаме значително постабилна атмосфера, а времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет.
Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските предели.
И во Скопскиот регион од утре времето ќе биде многу постабилно и со многу повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие локално би можеле да надминат и 35 степени.
Во Скопје во следните денови максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31-32 степени.
Се на се, и во наредниот период ќе бидеме под влијание на оваа топла воздушна маса која продира од Африка, за Порта.мк истакна еден од најдобрите метеоролози од Македонија, Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендот посвежо со повремено засилен северен ветер и без дожд

Под влијание на стабилна, сува и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота и недела 21/22 јуни) ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе опаднат за 3 до 4 степени во споредба со сегашните.
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде посвежо со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 13/14 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.
И во Скопје и околината за време на викендот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, предмалку информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре постепена дестабилизација на времето, ова се метео информациите

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во Република Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови.
Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме со појава на град, електрични празнења и силен ветер.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие нема многу да се менуваат, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, што значи ќе бидат релативно пријатни и нема да бидат премногу високи.
Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени, денес истакна метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Исто така оваа ноќ ќе биде значително посвежа за разлика од изминатите ноќи, а и утрешното утро (недела 15 јуни) ќе биде свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 15 јуни) ќе се спушти до околу 14 степени.
Попоски додава: Најава за екстремно топол бран и понатаму немам, што значи продолжува умерениот топол бран од Африка, со попријатни температури преку ден кои ќе бидат без поголеми промени, но и свежи ноќи и утра со пониски температури, заврши Славчо Попоски
-
Lifestyle1 ден
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија10 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за петок (20 јуни)
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје1 ден
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје8 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Спорт4 часа
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал