Временска прогноза
Од петок до вторник многу топло, температурите некаде и до 38°C
Под влијание на многу топла воздушна маса со петекло од северните предели на Африка, во Македонија од овој петок, па се до следниот вторник ќе имаме особено високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени.
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека во попладневните часови не се исклучува можноста и тоа особено во планинските предели за појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје за време на овој топол бран и тоа во периодот од овој петок, па се до следниот вторник температурата ќе се искачи до околу 35 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност овие денови и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9, за порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Долгорочната метео анализа предвидува многу ниски температури под нулата, истите започнуваат од средина на месец декември
Се поизвесно е дека ноќта недела кон понеделник, односно 15 спрема 16 декември, како и во понеделник 16 декември, територијата на Македонија повторно ќе биде зафатена од многу поладен воздух од север, и истиот би условил повремени локални врнежи од дожд и снег, како и повремено силен ветер од северен правец, особено во понеделник на 16 декември.
Барем одсега гледано во понеделник очекуваме многу постуден ден со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени.
Во вторник пак на 17 декември би требало да има јак мраз на повеќе места во Македонија, и тоа во утринските часови кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, а на високите и планинските места тие ќе се спуштат дури и до околу -15 степени.
Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, со што јавноста ќе биде навремено информирана околу овој можен изразен ладен бран кој наскоро би можел да ја зафати Македонија, информираше Славчо Попоски на метеоаларм.
Временска прогноза
Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на Скијачките центри ќе се зголемува!
Продолжува периодот во Македонија на многу променливо време, со серија на влажни воздушни бранови од запад, кои ќе условуваат повремнени врнежи од дожд, а на планините, во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег. На планините и на Скијачките центри постоечката снежна покривка повремено ќе се зголемува.
Повремено врнежите во следниот период ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и денес попладне и навечер ќе биде од северен, а утре (недела) од јужен и од југоисточен правец.
Во Скопскиот регион исто така продолжува периодот на променливо време со повремени врнежи од дожд, а на околните планини повремено ќе врне снег. До крајот на денешниот ден ќе засилува ветер од северен, а утре (недела) од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски особено во утринските часови и утре (недела) ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3, додека максималните дневни до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Утре (недела) тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Сепак, утре попладне и навечер ќе има нови врнежи од дожд, и снег на планините и на Скијачките центри, каде снежната покривка повторно ќе се зголеми. Снежната граница повторно во западните предели би можела да се спушти до околу 1000 метри надморска височина, со што снег се очекува да врне и на повисоките места, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата
Од претстојната ноќ и утре (четврток 5.12.2024), од југозапад во Македонија ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на планините, а во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.
– Пообилни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, а ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Во Скопскиот регион, особено утре (четврток 5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните повисоки планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер ид југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат нешто пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во Скопскиот регион максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (10 декември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (11 декември)
-
Кичево13 часа
Ивана од Кичево и оваа година изработи новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Македонија16 часа
МВР денес спроведе акција со обвинители на ГОКК во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје
-
Временска прогноза1 ден
Долгорочната метео анализа предвидува многу ниски температури под нулата, истите започнуваат од средина на месец декември
-
Спорт2 дена
Во Охрид започнаа градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион
-
Магазин20 часа
Топ 10 најпродавани телефони во светот за крајот на 2024 година
-
Lifestyle2 дена
Сакате да живеете подолго? Еве колку кафе треба да пиете според науката