Македонија
Доцна вечерва паднаа нови одлуки, рестораните ќе работат на тераси..
На вечерашната владина седница беа донесени неколку одлуки со цел спречување на ширењето на новиот бран на ковид-19:
- До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на ковид-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.
- За ноќните клубови, дискотеки, кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.
- Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
- Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).
Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.
Од Владата велат дека надлежните инспекциски служби во претстојниот период треба да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на ковид-19.
Македонија
Државниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун.
При извршените инспекциски надзори кај 16 правни субјекти затекнати се количини на тутунски производи за кои правните субјекти не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат потребните ознаки акцизни марки.
Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000,00 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија.
За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат постапувајќи согласно законските надлежности издаде прекршочни платни налози.
Државниот пазарен инспекторат, за констатираните неправилности достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.
Државниот пазарен инспекторат истакна дека ќе продолжи со спроведуведување на инспекциските надзори со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности. Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот.
Македонија
Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица
На 18.11.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Ќафасан, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.К.(59) од Република Албанија.
При гранична контрола и проверки во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 332 парчиња риба-белвица.
Тој е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Јанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
Во Тирана, Албанија, се одржа регионален стратешки состанок организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на законот, на кој учествуваа претставници од повеќе земји од регионот, меѓу кои и Република Македонија.
На средбата се разгледуваа предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, организираните транснационални групи и нелегалните финансиски текови – проблематики што остануваат во фокусот на регионалните безбедносни политики.
Учесниците усвоија низа заклучоци кои предвидуваат зајакнување на регионалната координација, развој на нови оперативни механизми и предлог-иницијативи за подобра размена на информации и поефикасни заеднички акции. Според организаторите, ваквите состаноци имаат цел да ја зголемат подготвеноста на државите во справувањето со современите безбедносни ризици.

Регионален стратешки состанок во Тирана, Албанија
Македонската делегација предводена од директорот на БЈБ, г-дин Александар Јанев, началникот на „РЦ Запад“ г-дин Љупче Спироски и останатите, истакнаа дека приоритет останува превенцијата и навременото откривање на криминални мрежи како на национално, така и на регионално и меѓународно ниво. Дополнително беше нагласена потребата од создавање постабилна и побезбедна средина за граѓаните, без разлика на нивната мобилност низ регионот.
Учесниците заклучија дека регионалната соработка и довербата меѓу полициските служби се клучни за јакнење на безбедноста, како во Западен Балкан, така и во поширокиот европски безбедносен простор.
-
Магазин1 денПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Кичево13 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево1 ден„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Македонија8 часаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Македонија1 денЈанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
-
Временска прогноза2 денаДожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата
-
Магазин1 денGoogle го лансира Gemini 3, најпаметната вештачка интелигенција досега

