Поезија
Кичевчанката Наташа Наумоска плени со својата духовна поезија, за денот денешен – „За небесната средба“

Кичевчанката Наташа Наумоска повторно плени со својата духовна поезија, еден од основачите, а воедно и член на литературниот клуб „Китка“ од Кичево. Автор на повеќе стихозбирки од кои поголем дел се со духовна содржина, а сите се објавени во електронска верзија на веб просторот „Македоника“. Овојпат ви ги презентираме следните стихови:
За Небесната средба
Векот – скалата сите ќе ги разобличи…
Едни ќе се качуваат, други ќе слегуваат.
Едни со воздигната глава,
други со наведната.
Не толку болна е оваа средба,
донебесно е скалилото,
помалку радосна е очи во очи средбата,
ништо не менува, човечки овоземно е.
Најстрашна е онаа, последната, пресудната,
пред Милостивиот кога ќе застанеме,
според Неговата милост штом пресуди
кој погоре да се качи, а кој најдолу да слезе…
Е тогаш само колку радосна ќе биде средбата со најблиските, зашто во Бога сите сме живи.
Умираме само кога Нему не Му веруваме и тогаш кога талантот в земја го закопуваме.
Но ќе треба да се сретнеме таму со сите.
И со оние со кои не сакаме да се сретнеме.
На кои сопка, стапица поставивме, ги расплакавме, навредивме…
Дури после следува средбата со Бога Севишниот …
Како ли погледот ќе го кренеме,
како со очи ќе Го погледнеме?!
Се плашам како пред Бога ќе застанам,
се плашам многу од таа средба Небесна,

Поезија
Во пресрет на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ најнова стихозбирка на кичевчанката Наташа Наумоска

Наташа Наумоска, во пресрет на најголемиот христијански празник Успение на „Пресвета Богородица“ преку нашиот медиум ја презентира најновата стихозбирка. Како што веќе знаеме г-ѓа Наташа е автор на повеќе стихозбирки од кои поголем дел се со духовна содржина.
Успение на „Пресвета Богородица“, уште едно причисление кон Воскресение… Успенска Пасха. Мајката Божја ги затвори овоземните очи и небесните ги отвори вознесена по три дена на небесата. Бог Ја пречекува, чиста, пречиста, душата на Пресвета Богородица во Своите прегратки… Сега владее со небесата, а поширока е од неа поради Својата љубов и мајчинство кон целиот човечки род.
***
Успение на Пресвета Богородица
Зајде Мајката на Сонцето, ги затвори очите,
Утринската зора во сон заспа, побудна од сите, од сè,
Мајката Божја заспива во сон нетрулежен,
душата ја предава, молитвено, кротко,
Светлината незаодна Неа Ја пречекува
во пречистите Свои раце.
Замина од овој свет без воопшто да го напушти,
затоа секое дихание ја фали нејзината слава,
сè што дише, знае за нејзината сила,
сите вселенски собори, сите небесни воинства да се соберат,
молитва пред престолот Божји да принесат,
сите молби нивни не вредат
колку еден збор на Богомајката Богородица!
Скала по која Бог на земјата слезе,
Скала по Која земните на небо ги возведува,
сечиста, чиста, пренепорочна,
нема почисто создание од Неа меѓу луѓето земни,
Бога несместливиот
во Својата утроба која Го смести,
девственоста и рождеството ги обедини,
во рождеството девството го сочува и по раѓањето Дева вечно остана,
Мајката на Животот,
Својот живот го претстави,
во Успението свое светот не го остави.
***
Месецот август трепери побожно
утрата со молитвен напев
се причестуваат,
Онаа,
од сите најмалку што треба,
од сите најмногу
времето го поминува
како што треба.
Ја спрема достојно душата
да ја предаде
во рацете на својот Син
и Создател свој,
со насмев копнежлив,
што поскоро
да стигне во прегратките
на небесната шир.
Преблагословената Марија,
се подготвува за бдение,
благослов да измоли
од Богомладенецот
за сите верни,
на денот на нејзиниот празник, на Успение.
***
Успение на Пресвета Богородица
Заспа за три дена
Пречистата, Преблагословената.
Како ќе живееме ние без тебе!?
Ридаа Апостолите.
Не знаеле дека нејзе
да воскресне ѝ принадлежи!
Та ете среде мноштво свеќи
Христовата Мајка лежи.
Над нејзината блажена глава
ореол се јави,
и под светата половина
воден тек заструи.
Се нишаше ѕидниот свод
столбовите на домот, вратите и прозорците,
и крв течеше од вените на првозвучната мелодија.
Молебен на Дева ѝ се читаше
а Нејзиниот Син
во Неговото крило,
ја пречека Пресвета Богородица.
Он на раце ја вознесе
Мудрата и неземна,
и во светлината на чистотата
оддесно седна.
(превод од руски)
***
У – Утехо наша
С – Сенепорочна Мајко
П – Преку тебе Преблагословена
Е – Единиот од Троица ни се открива.
Н – Нема како тебе ѕвезда таква
И – И нема да има.
Е – Единствено Ти си
Н – На светот една,
А – А Мајка Божја и на цел свет.
П – Преку болката Своја
Р – Ревносно поминува
Е – Еден е одговор
С – Сите прашања што ги знае
В – Високо на Небесата
Е – Единствено е
Т – Таа, Богородица,
А – А Мајка Божја!
Б – Будно во пресрет ни доаѓа
О – Оној пат кога
Г – Го креваме во очај погледот
О – Од Небото спасение да измолиме
Р – Радост оттаму се излева
О – Обилно врз нашите глави
Д – Дарови безброј ни дава
И – И молитва силна има
Ц – Царицата Небесна,
А – Ангелски повисока и Божја Мајка.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Хороскоп18 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза2 дена
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Временска прогноза3 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 30 септември