Следете не

Поезија

„Невидлив премин“ е најновата духовна поезија на кичевчанката Наташа Наумоска во пресрет на светскиот ден на поезијата

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевчанката Наташа Наумоска во пресрет на светскиот ден на поезијата 21-ви март, истакна духовна поезија, која несомнено е најдоброто духовно исполнение. Инаку како што веќе знаеме г-ѓа Наташа е автор на повеќе стихозбирки од кои поголем дел се со духовна содржина.

*** Невидлив премин ***

Небото е необјаснива приказна
која постојано ја менува својата содржина.
Додека се пластат виолетови облаци на зајдисонце
не стигнуваш да ја доловиш таа убавина,
а веќе се појавила нова, уште почудесна.
Колку многу убавина од Господа, слава Му!
А небесата?… И царството Божјо!?
Па дури таму што има!?
Кој ли би можел тоа да го замисли?
Она што око човечко не видело…
Она што уво човечко не слушнало…
Тоа приредил Бог за оние што Го познаваат.
Така пее псалмопевецот;
а проповедникот вели сѐ е суета.
Животот на земјата е суета.
Вели: „Живеј го секој ден и насладувај се,
оти ќе дојде еден ден смртта и ќе земе сѐ.“
Но, притоа вели: „Запази ги Господовите заповеди.“
А колку лесно е да се каже тоа
и колку тешко да се исполни.
А десет се тие! На дланка може да се избројат.
И токму тие стојат на разделната
како невидлив премин.
Меѓу небото и Небесата.

Н.Н.

Поезија

Во пресрет на најголемиот празник „Велигден“, стихови на кичевчанката Наумоска за Господовите страданија на патот на болката во страсната седмица

Објавено пред

на

Во пресрет на најголемиот христијански празник „Велигден“, нашата кичевчанка Наташа Наумоска повторно споделува со вас две стохозбирки со духовна содржина:

„СТИХОВИ ЗА ГОСПОДОВИТЕ СТРАДАНИЈА НА ПАТОТ НА БОЛКАТА ВО СТРАСНАТА СЕДМИЦА“

Велика Среда
Тоа е денот
на Христовото помазание,
пред да се случи
од Јуда предание.

Жената мироносица,
со солзи покајнички,
нозете ги изми
на Христа Божествени.

А Јуда Искариотски
Го предаде Христа
на Неговите непријатели
за триесет сребреници.

Два настани важни
на Велика Среда –
Бог и покајанието
и предавството го гледа.

Милостив е Господ
за тие што се каат,
а предавниците само
за темнината ќе знаат.

Велики Четврток
Да чекори започна
Христос кон Голгота,
за да биде распнат
за Својата чистота.

Кај Пилат Го однесе
народот неверен,
да биде казнет
зашто беше Праведен.

Откако нозете ги изми
на Своите апостоли
и со крајно смирение
нив ги послужи.

Со леб како симбол
на Неговото пречисто Тело,
со вино во знак
на Неговата пречиста Крв.

Христос Себеси се раздава
на Тајната вечера,
Велики Четврток е роденден
на Светата Литургија.

Издаден од Јуда
и трипати одречен од Петар
после тајната вечера беше
крунисан Јудејскиот Цар.

„Ти си цар Јудејски?“
Го прашува Пилат,
а Христос одговара:
„Ти велиш!“

Толпата народ неверен
да се распне Христос бара,
а Христос со смирение
ништо не одговара.

Смирено ја прифаќа
грубоста од мноштвото,
трпеливо остава
да се исполни пророштвото.

Велики Петок
Му ставија венец
и Го биеја Оној
Кој врз Себе ги зеде
гревовите на светот.

Чекори Исус
кон Своето распетие
со Крстот на рамо
и крвави рани.

Со крајно смирение
ја извршува волјата
на Својот Отец,
без да се брани.

Распнат е на Крст
заедно со двајца разбојници,
Христос Невиниот,
Најмилиот, Најчистиот.

На едниот што Му се потсмеваше
Христос му прости, од срце,
а го зеде при Себе оној што рече:
„Христе, сети се на мене!“

О, колку е болно!
Исус на крстот издивнува,
од болка за Него
и небото потемнува.

Огромна е болката
на Марија Дева
за Синот Единороден,
на Оца Единосуштен.

Јагнето Божјо на Крстот
се жртвува за нас,
без да се противи,
без да пушти глас.

Велика Сабота
Погребен е Оној
Кој беше распнат
и со Својата крв ги изми
гревовите на светот.

Ден на тишина
тивка, мачна,
ден на покојот
на Христа покојникот.

Марија Дева
Синот Го оплакува
додека Христос
во гробот пребива.

Втор ден на молк,
тага и жалост,
ден на длабоко молчание,
пред гробот на Христа поклонение.

Ден кога Христос
слезе во адот
и ги отвори
портите на рајот.

Ден на свештен трепет
и исчекуванието,
ден помеѓу смртта
и Воскресението.

Воскресение Христово – Велигден
И дојде Марија Магдалена
на Гробот на Христа,
а Исус Христос ѝ се јави
воскреснат од Гробот.

Со јајце црвено
отиде кај Тибериј
и го поздрави со зборовите:
„Христос воскресна!“

Воскресна на третиот ден
според Писмото
и на небо се издигна
и седна оддесно на Оца.

И пак ќе дојде на земјата
со сиот Свој сјај,
да им суди на живите и мртвите
и Неговото Царство не ќе има крај.

Благословен е Бог,
и благословен е Плодот
од утробата на Марија Дева
Исус Христос што Го роди
во Витлеемската пештера.

Кој беше неправедно осуден,
Кој беше мачен и распнат,
Кој воскресна на третиот ден
и Чие Воскресение е суштина
на нашата христијанска вера.

Затворот Христов
Окован во пранги,
камшикуван,
понижуван,
исмејуван,
со трнов венец на главата,
секакво страдање
од суровите војници трпел,
нашиот Спасител,
Исус Христос,
Да Му благодариме!

Via Dolorosa

Поклонение
на Твоето Распетие
до Кувуклија
по Голгота,
преку Via Dolorosa…

Молк пред столбот
каде на Вероника
ликот свет Свој
и го подари
да сведочи
за твоите
крвави рани
на Via Dolorosa…

Окови камени
за нозете блажени,
отпечаток
на дланката
Твоја пречиста,
крвава,
на Via Dolorosa…

Трае се уште
Твоето Распетие Христе,
одново и одново
Те распнуваме
со нашите гревови
и слабости
и Те носиме секој ден
на Via Dolorosa…

Страсната Седмица низ песнички за деца

  • Двете книги се објавени во електронска верзија на сајтот на „Македоника“
Прочитај повеќе...

Поезија

Во пресрет на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ најнова стихозбирка на кичевчанката Наташа Наумоска

Објавено пред

на

Наташа Наумоска, во пресрет на најголемиот христијански празник Успение на „Пресвета Богородица“ преку нашиот медиум ја презентира најновата стихозбирка. Како што веќе знаеме г-ѓа Наташа е автор на повеќе стихозбирки од кои поголем дел се со духовна содржина.

Успение на „Пресвета Богородица“, уште едно причисление кон Воскресение… Успенска Пасха. Мајката Божја ги затвори овоземните очи и небесните ги отвори вознесена по три дена на небесата. Бог Ја пречекува, чиста, пречиста, душата на Пресвета Богородица во Своите прегратки… Сега владее со небесата, а поширока е од неа поради Својата љубов и мајчинство кон целиот човечки род.

***

Успение на Пресвета Богородица

Зајде Мајката на Сонцето, ги затвори очите,
Утринската зора во сон заспа, побудна од сите, од сè,
Мајката Божја заспива во сон нетрулежен,
душата ја предава, молитвено, кротко,
Светлината незаодна Неа Ја пречекува
во пречистите Свои раце.
Замина од овој свет без воопшто да го напушти,
затоа секое дихание ја фали нејзината слава,
сè што дише, знае за нејзината сила,
сите вселенски собори, сите небесни воинства да се соберат,
молитва пред престолот Божји да принесат,
сите молби нивни не вредат
колку еден збор на Богомајката Богородица!
Скала по која Бог на земјата слезе,
Скала по Која земните на небо ги возведува,
сечиста, чиста, пренепорочна,
нема почисто создание од Неа меѓу луѓето земни,
Бога несместливиот
во Својата утроба која Го смести,
девственоста и рождеството ги обедини,
во рождеството девството го сочува и по раѓањето Дева вечно остана,
Мајката на Животот,
Својот живот го претстави,
во Успението свое светот не го остави.

***

Месецот август трепери побожно
утрата со молитвен напев
се причестуваат,
Онаа,
од сите најмалку што треба,
од сите најмногу
времето го поминува
како што треба.
Ја спрема достојно душата
да ја предаде
во рацете на својот Син
и Создател свој,
со насмев копнежлив,
што поскоро
да стигне во прегратките
на небесната шир.
Преблагословената Марија,
се подготвува за бдение,
благослов да измоли
од Богомладенецот
за сите верни,
на денот на нејзиниот празник, на Успение.

***

Успение на Пресвета Богородица

Заспа за три дена
Пречистата, Преблагословената.
Како ќе живееме ние без тебе!?
Ридаа Апостолите.

Не знаеле дека нејзе
да воскресне ѝ принадлежи!
Та ете среде мноштво свеќи
Христовата Мајка лежи.

Над нејзината блажена глава
ореол се јави,
и под светата половина
воден тек заструи.

Се нишаше ѕидниот свод
столбовите на домот, вратите и прозорците,
и крв течеше од вените на првозвучната мелодија.

Молебен на Дева ѝ се читаше
а Нејзиниот Син
во Неговото крило,
ја пречека Пресвета Богородица.

Он на раце ја вознесе
Мудрата и неземна,
и во светлината на чистотата
оддесно седна.

(превод од руски)

***

У – Утехо наша
С – Сенепорочна Мајко
П – Преку тебе Преблагословена
Е – Единиот од Троица ни се открива.
Н – Нема како тебе ѕвезда таква
И – И нема да има.
Е – Единствено Ти си

Н – На светот една,
А – А Мајка Божја и на цел свет.

П – Преку болката Своја
Р – Ревносно поминува
Е – Еден е одговор
С – Сите прашања што ги знае
В – Високо на Небесата
Е – Единствено е
Т – Таа, Богородица,
А – А Мајка Божја!

Б – Будно во пресрет ни доаѓа
О – Оној пат кога
Г – Го креваме во очај погледот
О – Од Небото спасение да измолиме
Р – Радост оттаму се излева
О – Обилно врз нашите глави
Д – Дарови безброј ни дава
И – И молитва силна има
Ц – Царицата Небесна,
А – Ангелски повисока и Божја Мајка.

Прочитај повеќе...

Поезија

Кичевчанката Наташа Наумоска плени со својата духовна поезија, за денот денешен – „За небесната средба“

Објавено пред

на

Кичевчанката Наташа Наумоска повторно плени со својата духовна поезија, еден од основачите, а воедно и член на литературниот клуб „Китка“ од Кичево. Автор на повеќе стихозбирки од кои поголем дел се со духовна содржина, а сите се објавени во електронска верзија на веб просторот „Македоника“. Овојпат ви ги презентираме следните стихови:

За Небесната средба

Векот – скалата сите ќе ги разобличи…
Едни ќе се качуваат, други ќе слегуваат.
Едни со воздигната глава,
други со наведната.
Не толку болна е оваа средба,
донебесно е скалилото,
помалку радосна е очи во очи средбата,
ништо не менува, човечки овоземно е.
Најстрашна е онаа, последната, пресудната,
пред Милостивиот кога ќе застанеме,
според Неговата милост штом пресуди
кој погоре да се качи, а кој најдолу да слезе…
Е тогаш само колку радосна ќе биде средбата со најблиските, зашто во Бога сите сме живи.
Умираме само кога Нему не Му веруваме и тогаш кога талантот в земја го закопуваме.
Но ќе треба да се сретнеме таму со сите.
И со оние со кои не сакаме да се сретнеме.
На кои сопка, стапица поставивме, ги расплакавме, навредивме…
Дури после следува средбата со Бога Севишниот …
Како ли погледот ќе го кренеме,
како со очи ќе Го погледнеме?!
Се плашам како пред Бога ќе застанам,
се плашам многу од таа средба Небесна,

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за петок (25 април)

ОВЕН За да го привлече вашето внимание, некој упорно ќе ги извртува работите надвор од контекст. Ако нешто ви изгледа...

Скопје8 часа

Санкциониран возачот кој се движеше по велосипедска патека на ул. „Бутелска“, каде пред него имаше и лице со инвалидска количка

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски...

Кичево14 часа

„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 25.04 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така...

Македонија15 часа

(ВИДЕО) Во 3 по полноќ го ограби верскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани

Одземена полна фиока со пари од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ од селото Обршани, општина Кривогаштани ја згрози Македонија. Како...

Македонија15 часа

Делница А2 Желино-Тетово поради геодетско снимање ќе биде затворена една сообраќајна лента во неколку фази

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово,...

Култура18 часа

(ФОТО) Во с.Цер кичевско одбележани 120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба

120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба Денес се навршуваат 120 години од смртта на...

Кичево20 часа

Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор

Вчера 23.04.2025 г. во просториите на општина Кичево се одржа работен состанок на општински кризен штаб за превенција и заштита...

Македонија21 час

МВР приведе кумановец затоа што управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

На 23.04.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (24 април)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Мобилни уреди1 ден

Внимание: Се појави нов малициозен софтвер за мобилните телефони кој користи „NFC“ технологија за кражба на платежни картички

Безбедносните истражувачи од Cleafy предупредуваат за нов малициозен софтвер на Android кој користи NFC технологија за да украде платежна картичка...

НАЈЧИТАНИ