Спорт
Елиф Елмас, Македонскиот фудбалски „дијамант“ се сели во Торино?
Спорт
Доаѓа „ВАР“ системот во македонската фудбалска лига, ќе започнат едукации на судии и арбитри, стадионите мора да добијат посебна подготовка за „ВАР“ собите
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видео-технологија.
ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. Фудбалската федерација на Македонија веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности во ФФМ.
Дејан Јакимовски – проектен лидер за имплементација на ВАР:
– „Одржавме првичен on-line состанок со ФИФА и веќе дефиниравме дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале – жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени.
– Ветувањата на новото раководство на ФФМ започнуваат со имплементација на „ВАР“ системот кој ќе биде значаен чекор кон подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите и зајакнување на духот на фер-плејот.
Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис на Фудбалската федерација на Македонија – ТУКА
Спорт
Женска репрезентација на Македонија до 17 од утре до 3 март ќе одржи „тренинг камп“ во Дојран
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 29. јануари до 3. март ќе одржи тренинг камп во Дојран. Тренинг кампот ќе биде подготовка за претстојните квалификации на нашата млада женска селекција што ќе се одржат во март, во Скопје.
Предводникот на женската репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, за претстојниот тренинг камп се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Христина Гоговска Кочани
Евгенија Вељановска Скопје
ОДБРАНА:
Бесарта Фида Скопје
Мила Панева Скопје
Андреа Коловска Истатов
Андреа Алексовска Скопје
Вања Ристиќ Речица
Канита Емини Истатов
Ема Нановска Истатов
СРЕДЕН РЕД:
Лина Луканова Ас Јунајтед
Јована Каралиоска Скопје
Теона Галабовска Тиверија
Елена Мацевска Ас Јунајтед
Блехана Алиевска Скопје
Лина Мицовска Кочани
НАПАД:
Тамара Лазеска Ас Јунајтед
Ева Величковска Љуботен
Меланија Грозданова Истатов
Настасја Накова Љуботен
Розита Пецева Тиверија
Елена Наумоска Скопје
Уна Јосевска Машинац
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 17 години е утре, во 9 часот пред ФФМ, известува Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Футсал македонската репрезентација ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП
Македонската футсал А репрезентација кон крајот на јануари и почетокот на февруари ќе ги продолжи квалификациите за пласман на Европско првенство кое 2026 година ќе се одржи во Летонија и Литванија, истакна Фудбалската федерација на Македонија.
На програмата се два натпревари против фаворитот во групата 7, селекцијата на Португалија. Првиот од двата меча го играме на домашен терен, во спортската сала „Јане Сандански”, во Скопје, на 31. јануари со почеток во 19. часот.
Вториот меч од групата 7 од квалификациите против Португалија го играме на 5. февруари, во Одивалес, во Лисабон со почеток од 20. часот.
Селекторот на футсал А репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани:
ПЕТРОВСКИ Антонио (КМФ Проект)
СТОЈАНОВСКИ Иван (КМФ Форца 2015)
СПАСОВСКИ Никола (КМФ Осогово)
Одбрана:
ЛЕВЕСКИ Зоран (КМФ Форца 2015)
ИСМАИЛИ Таулант ((КМФ Форца 2015)
КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца 2015)
ЦЕКА Исмет (КМФ Шкупи)
МИХАЈЛОВ Александар (КМФ Клими)
КРСТЕСКИ Давид (КМФ Клими)
РАМАДАНИ Берат (КМФ Форца 2015)
Напад:
ТОДОРОВСКИ Мартин (КМФ Осогово)
СЕФЕРИ Еркан (КМФ Шкупи)
НИКОВИЌ Мартин (КМФ Клими)
РАМАДАНИ Јакуп (ФК Приштина, Косово)
БЛАГОЈЕВСКИ Марио (КМФ Проект)
Пикер
КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца 2015)
Повеќе прочитајте ТУКА на официјалниот натпис од ФФМ
-
Магазин15 часа
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (29 јануари)
-
Македонија2 дена
Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници
-
Хроника2 дена
Извлечено женско тело од водите на Вардар
-
Lifestyle15 часа
Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Временска прогноза7 часа
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Lifestyle15 часа
„Перењето постелнина: Колку често треба да го правите за здрава кожа и добар сон“