Следете не

Спорт

Елмас: Кога сум со репрезентацијата, размислувам само на тоа, одиме на победа!

Објавено пред

на

– “Натпреварот против Малта не смее да биде поразличен од било кој друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат сè од себе за да стигнеме до позитивен резултат”.

– “Треба да бидеме потполно фокусирани. Нема фаворити во денешниот фудбал и тоа ќе го кажам по којзнае кој пат. На ваков меч се испробуваат разни варијанти кои ќе ни помогнат за следните натпревари”, истакна селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.

🎙 Елиф Елмас – репрезентативец на Македонија:

– “Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за Македонија. Така ќе биде и утре со Фарски острови. Јас за репрезентацијата секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам само за Македонија. Секогаш се трудам да го дадам максимумот”.

– “Утре нѐ чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го направиме тоа што ќе се договориме и тоа што го бара селекторот од нас”.

 

Спорт

Кога решителноста го надминува системот, се создаваат вистински херои, кичевчанецот Милошевски доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација

Објавено пред

на

ФОТО: приватна архива / Дејан Милошевски

Дејан Милошевски од Кичево, Македонија доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација и практично се здоби со најголемиот историски успех за македонец кој живее во Америка.

Кога решителноста го надминува системот, се создаваат вистински херои. Тоа најдобро го покажа Дејан Милошевски, Македонец кој живее во САД, со своето постигнување на Панамериканското карате првенство кое неодамна се одржа во Монтереј, Мексико.

На најмасовното првенство досега, со учество на 563 натпреварувачи од 28 држави, за првпат беа вклучени и категории како У21 и Пара Карате. Во таква конкуренција, Милошевски влезе во историјата како првиот Македонец што ја освои највисоката судиска лиценца – „Referee A“ – од Панамериканската Карате Федерација (PKF). Ова признание е едно од најценетите во светот на карате судењето и се добива по долги години работа и стекнување неколку пониски лиценци.

Особено впечатливо е што Милошевски не само што ја доби највисоката лиценца директно, туку тоа му беше одобрено лично од претседателот на федерацијата – нешто што досега не се случило. Дополнително, на теоретските тестирања постигна 100% точност – резултат кој никој друг од 105 кандидати не успеа да го повтори. Освои и лиценца за кати, со што стана првиот Македонец со истовремена европска и панамериканска судиска лиценца.

Овој успех следи по неговото враќање на натпреварувачката сцена на USA Open 2025, по неколкугодишна пауза. Сето ова го постигна без никаква поддршка од Карате федерацијата на Македонија.

„Се подготвував со срце и цел. Сакав да покажам кој сум и од каде доаѓам. Судев финалиња со гордост и секогаш велев: Јас сум од Македонија. Сега, после ова првенство, секој во PKF знае каде е Македонија“ за Порта.мк изјави Милошевски.

Имено неговиот успех не е само лична победа – тоа е инспирација за сите млади спортисти. Тоа е доказ дека со посветеност и вера во себе, можеш да стигнеш до врвот, дури и без поддршка од системот, додека тој вели „Никој не може да ти ја одземе светлината што сам ја создаваш со својот успех. Таа светлина ќе ги осветлува патиштата на сите што ќе дојдат по тебе.“

Честитки Чобачо!

Прочитај повеќе...

Спорт

Новак Ѓоковиќ го победи Корентин Муте во третото коло на „Ролан Гарос“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Новак Ѓоковиќ обезбеди место во третото коло на Ролан Гарос со сигурна победа против домашниот играч Корентен Муте, совладувајќи го во три сета – 6:3, 6:2, 7:6 (7:1). Иако натпреварот почна со мали осцилации, српскиот ас брзо го презеде водството и најголем дел од мечот го имаше под контрола.

Во првиот сет, иако го загуби својот сервис рано, Ѓоковиќ веднаш возврати со рибрејк и до 2:2 играта беше израмнета. Потоа тој забрза темпо, освои четири од следните пет гема и без многу проблеми го освои сетот. Неговата прецизност, стабилната одбрана и разновидноста во ударите беа пресудни во овој дел од мечот.

Во вториот сет, Ѓоковиќ уште повеќе ја зацврсти својата игра. Направи рано брејк и брзо поведе со 5:2. Иако Муте се обиде да ја задржи борбеноста, неговите бројни грешки и одличната тактика на Новак му донесоа нов сет без голема драма.

Третиот сет беше далеку понеизвесен. Французинот, охрабрен од домашната публика, заигра поангажирано и во еден момент дури дојде до предност од 4:2. Ѓоковиќ, и покрај проблемот со левото стапало кој го натера да побара медицински тајм-аут, успеа веднаш да се врати во игра со брејк без загубен поен.

До крајот на сетот се водеше голема борба. Муте имаше моменти на инспирација и ја крена публиката со неколку спектакуларни потези, но Новак остана ментално силен и стабилен во клучните моменти. Во тајбрејкот покажа зошто е еден од најголемите – играше беспрекорно и го освои со убедливи 7:1.

Со оваа победа, Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека знае како да се справи со притисокот, дури и кога не е на 100% физички.

Следен противник ќе му биде или Шаповалов или Мишолиќ, а според сè што покажува, неговата форма оди во нагорна линија како што турнирот се одвива.

Прочитај повеќе...

Спорт

Да ја бодриме Македонија! Од денес на продажба тикети за мечот Македонија – Белгија закажан за петок

Објавено пред

на

©porta.mk

Од денес со почеток во 18:30 часот, започнува продажбата на билети за натпреварот помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се одигра на 6 јуни во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, како дел од квалификациите за Светското првенство 2026.

Билетите, како што известуваат од ФФМ ќе бидат достапни по цени од 300, 400 и 500 денари, а сите фанови и поддржувачи на македонската репрезентација можат да ги набават преку интернет платформата:

https://eticket.ffm.mk/.

Процедурата за купување е едноставна:

  1. Посетете ја веб-страницата https://eticket.ffm.mk/
  2. Изберете го натпреварот
  3. Одберете го вашето место
  4. Направете уплата
  5. Преземете го дигиталниот билет

Ајде за Македонија! Повик до сите љубители на фудбалот да присуствуваат со спортски дух и коректно навивање да ја поддржат нашата репрезентација во борбата за позитивен резултат против една од најсилните селекции во светот.

Напред МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (31 мај)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Спорт15 часа

Кога решителноста го надминува системот, се создаваат вистински херои, кичевчанецот Милошевски доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација

Дејан Милошевски од Кичево, Македонија доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација и практично се здоби со најголемиот историски...

Кичево15 часа

Предмалку на „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајка помеѓу две патнички моторни возила, причинета е само материјална штета

Предмалку на ул. „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ и „голф“ со кичевски...

Мобилни уреди18 часа

Компанијата „Realme“ спрема мобилен уред со „џиновска“ батерија?

Компанијата Realme неодамна ја претстави својата напредна батериска технологија, но на промоцијата на моделот GT 7 во Париз сепак не...

Македонија21 час

Граѓани најавија протест за изборот на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, велат: „МПЦ-ОА има Устав, со критериуми“

Во сабота на 31 мај, со почеток во 12 часот, закажан мирен народен собир на плоштад Македонија во Скопје. Настанот...

Македонија21 час

Пронајдено товарното возило од АРМ кое пред еден месец беше пријавено за одземено од авто сервис

На 29.05.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела...

Временска прогноза1 ден

Конечно убави вести за временската прогноза, еве кога доаѓаат летните температури

Територијата на Република Македонија во периодот од 2 јуни (понеделник) па се до 8 јуни (недела) ќе биде зафатена од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (30 мај)

ОВЕН Морате да научите дека не можете да имате контрола врз се околу вас. Да се биде одговорен е добро...

Спорт2 дена

Новак Ѓоковиќ го победи Корентин Муте во третото коло на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ обезбеди место во третото коло на Ролан Гарос со сигурна победа против домашниот играч Корентен Муте, совладувајќи го...

Мобилни уреди2 дена

Дали „Apple“ спрема два различни модели за новата генерација на „iPhone 17“

Apple се чини подготвува два сосема различни модели за новата генерација на iPhone 17, кои ќе одат во спротивни насоки...

НАЈЧИТАНИ