Спорт
Емини: На 24-ти со Србија не очекува тежок натпревар во Белград, се работи за репрезентација која има голем квалитет и потенцијал
Репрезентацијата на Македонија до 21 година го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска официјално ги започнаа подготовките за претстојните мартовски натпревари од квалификациите против Србија и Фарски Острофи.
Еден од најконстантните играчи сезонава во ПМФЛ, член на Македонија Ѓ.П и младата репрезентација на Македонија, Сефер Емини ги сподели своите очекувања во пресрет на двата клучни меча од квалификациите.
„Не очекува исклучително тежок натпревар против Србија. Се работи за репрезентација која има голем квалитет, нема да биде лесно, но ние веруваме во нас и ќе се обидеме да обезбедиме позитивен резултат. Секој натпревар е клучен, така ќе биде и против Србија и Фарски Острови . Денеска ги започнавме подготовките, со нетрпение го очекуваме следниот меч. Целта е јасна, а тоа е освојување на три бода. Против Фарски Острови сме фаворити, но тоа мора да го покажеме и на терен. Не очекуваат два возбудливи меча, се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе издвојуваат победа на двата меча.”
На 24. март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17:00 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18:00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Хроника1 денЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево2 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево6 часа„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Македонија1 ден16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија1 денСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
-
Хроника1 часМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
