Следете не

Временска прогноза

Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….

Објавено пред

на

Под влијание на поларна воздушна маса која се спушта од север, во текот на седмицата која што ни претстои ќе имаме многу студено и суво време (сув студ). Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само денес локално ќе провејува и снег.

Особено денес и утре ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено и СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 80 км/час).

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат и до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планински места на северозапад дури до околу -20 степени.

Во Скопје исто така ќе имаме променливо облачно време со засилен ветер од северен правец. Ќе биде и доста студено со минимални температури до околу -5 степени. Ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 0 и 2 степени.

За нашиот медиум известува Попоски..

Временска прогноза

Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!

Објавено пред

на

До крајот на денов времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите остануваат ПРОЛЕТНИ и на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и до околу, па и малку над 20 степени.

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат попладнето и вечерта кога локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Врнежи од снег попладнето и вечерта ќе има само на највисоките планински предели (над 1800 м.н.в).

Во Скопје и околината исто така утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладнето и вечерта.

Потоа од среда па натаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво, сончево и ПРОЛЕТНО ТОПЛО време, кога температурите ќе се искачуваат до 23 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Периодот сè повеќе сонце со исклучок на овие денови..

Објавено пред

на

Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден и тоа поради продорот на ТОПЛА воздушна маса од југ.

Преку ден максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Преодно зголемување на облачноста ќе има во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда и на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно следува претежно стабилно и суво време.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време.

Пишува Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Следуваа стабилизација на времето, ова се последните метео детали..

Објавено пред

на

Ќе имаме стабилно и суво време преку ден, и тоа поради продорот на топла воздушна маса од југ. Наутро температурите сеуште и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат за неколку степени под нулата.

Преку ден температурите на многу места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели максималните температури ќе се искачуваат до околу 22 степени.

Зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд ќе има во вторник, особено попладнето и во текот на ноќта кон среда.

Во Скопје и околината исто така следува ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време со МНОГУ СОНЦЕ. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 15 и 18 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје2 часа

(ВИДЕО+ФОТО) Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата...

Кичево2 часа

Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на излез од град Кичево према Македонски Брод на клучката кај с.Србјани. Од извори...

Спорт7 часа

Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на...

Lifestyle7 часа

Доаѓа пеколот, подгответе се: Научниците објавија водич за преживување на климатска катастрофа

Владите претходно се согласија да работат заедно за да се избегне пораст на глобалните температури од 1,5 Целзиусови степени. Но,...

Магазин7 часа

Apple подготвува уред со флексибилен екран – ќе има иновативна технологија

Веќе слушнавме информации дека Apple планира да влезе во пазарната трка во областа на уреди со флексибилен екран, а новиот...

Видео7 часа

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! (ВИДЕО)

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! Можете ли да откриете како девојката завршила на столот? Видеото собра повеќе...

Автомобили7 часа

Во зимски услови, опсегот на електрични автомобили опаѓа и до една третина

Растојанието што електричните автомобили можат да го поминат во зима со полна батерија е за една третина помалку од рекламираното,...

Магазин8 часа

Еве што Xbox Series X може да направи, а PlayStation 5 не може

Долго време се води дебата за тоа дали Xbox Series X е подобра конзола од Sony PlayStation 5. Колку и...

Магазин8 часа

Повеќе од 150 милиони корисници би можеле да останат без TikTok

Кинеската социјална мрежа TikTok објави дека има 150 милиони месечни активни корисници во САД, што е за 50 отсто повеќе...

На денешен ден12 часа

На денешен ден – 21 март | Денес и официјално започнува пролетта, а бележиме и ден на Екологијата..

21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на северната полутопка, односно есенска рамноденица...

НАЈЧИТАНИ