Следете не

Временска прогноза

Антициклон ќе услови температури до -15°C, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Под влијание на многу студена и сува воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО, односно променливо облачно со сончеви периоди. Денес сеуште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.

Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу – 10 степени, понекаде и до околу – 15 степени, додека во северозападните високи планински предели и под – 15 степени.

Максималните дневни температури пак исто така на повеќе места ќе се задржат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од – 5 до 4 степени.

Врнежи од снег оваа седмица не се очекуваат што значи ќе имаме сув голем студ.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Денес сеуште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе спуштаат во интервалот од – 7 до – 5 степени а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу – 1 и 2 степени.

Напомена: Во следниот период ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде со слаб до умерен интензитет. Утре сеуште особено Долж Повардарието ќе биде со ЗАСИЛЕН интензитет. Исто така воздушниот притисок во следните денови ќе биде МНОГУ ВИСОК , околу па дури и над 1035 htp, што значи дека ќе бидеме под влијание на силен Aнтициклонски систем.

Известува Славчо Попоски.

Временска прогноза

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.

Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.

И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.

И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е  и појава на силно невреме.

Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу, па  и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне  и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за четврток (3 јуни)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Автомобили18 часа

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин18 часа

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

Автомобили18 часа

Дали би направиле место за резервно тркало?

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин1 ден

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

Македонија2 дена

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи...

Lifestyle2 дена

Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци. • Зошто секојдневно...

Lifestyle2 дена

Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки...

Магазин2 дена

YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори

Од јули 2025 година, YouTube воведува нови правила што ќе влијаат врз сите млади корисници кои емитуваат во живо на...

НАЈЧИТАНИ