Следете не

Временска прогноза

Ниски утрински температури, додека од следната седмица нагла промена..

Објавено пред

на

Во Македонија и тоа под влијание на Антициклон, времето и во следните денови ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност.

Исклучок ќе биде само недела кога ќе има повеќе облачност и локално провејување на снег, особено на планинските места.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот во недела и тоа особено Долж Повардарието повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Наутро температурите остануваа МНОГУ НИСКИ и понекаде и тоа особено во Малешевијата и на високите планини на северозапад ќе се спуштаат под -10 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на постепен мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Понатамошен пораст на температурите и стабилно време ќе имаме и во текот на следната седмица со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, додека наутро и понатаму ќе имаме негативни температури во поголем дел од Македонија.

Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Ветерот повремено и тоа во недела ќе засилува на интензитет. Во недела исто така ќе има повеќе облачност и на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Температурите наутро ќе се спуштаат  до околу -7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 7 степени.

За порта пишува Славчо Попоски.

Временска прогноза

Детали за временска прогноза оваа седмица, ќе имаме многу ниски температури на утро и релативно сува воздишна маса

Објавено пред

на

Во текот на оваа работна седмица во Македонија ќе имаме значително поладно време, односно, ќе бидеме под влијание на ладна и на релативно сува воздушна маса која ќе продира од истокот и од североистокот на Европа. Температурите позначително ќе опаднат, особено во ноќните  и во утринските часови, кога минималните температури насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, особено од оваа среда.

Повремено ќе засилува ветер од северен правец, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди.

Наутро температурите во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места,м секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите ќе се спуштат  и до околу -10 степени. Преку ден пак температурите исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите дселови од Македонија, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од понеделник сув студ со доста ниски утрински температури – Ова се деталите

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник (3 февруари) па се до крајот на седмицата ќе бидеме под влијание на значително поладна, но сува воздушна маса од североистокот  и од истокот на Европа. Истата ќе услови значително пониски температури на воздухот, особено во утринските часови кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата.

Во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места  и на Скијачките центри температурите наутро ќе се спуштаат и до околу -10 степени, локално и под -10 степени. Преку денот пак тие на повеќе места нема да надминуваат 5 степени, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9/10 степени. На планинските места, како и на Скијачките центри ќе биде значително поладно.

Со овој ладен продор, повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, кој се очекува значително да го прочисти воздухот низ котлините кои се многу загадени во моментов, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Само да напоменам, дека само во понеделник (3 февруари) ќе има локални послаби врнежи од дожд и снег на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

На повидок краткотрајна пролет, температури во пораст до 20°C

Објавено пред

на

Денес и утре (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе има многу повеќе сончеви периоди и ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со температури значително над просекот за овој дел од годината. Сепак, по котлините, особено во утринските, претпладневните  и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пролетни на повеќе места низ Македонија и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, а не се исклучува можноста во југоисточните предели тие да се искачат  и до околу 20 степени.

Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

Во недела ќе имаме поголема облачност, а ќе има и појава на повремен локален дожд, а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има услови за послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за петок (7 февруари)

ОВЕН Може да очекувате генерално поволен ден. Ако вашата работа е поврзана со продажба, ќе имате голем успех. Можно е...

Спорт8 часа

Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и...

Кичево9 часа

Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница

На 05.02.2025 во 20:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Рудничка“ во Кичево, една малолетничка од Кичево...

Кичево12 часа

Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!

Утрово бевме во посета на кичевската Општа Болница, каде остваривме средба со управата на истата, односно Директорката на „ЈЗУ Општа...

Магазин14 часа

ЕУ започнува акција против Temu и Shein

Европската комисија објави дека онлајн продавницата Temu и модниот бренд Shein ќе бидат одговорни за продажба на небезбедни и опасни...

Магазин14 часа

Пребарувањето ChatGPT сега е бесплатно за сите – може ли да ја замени Google?

Бесплатниот пристап до ChatGPT Search може целосно да го промени начинот на кој луѓето бараат информации на интернет. OpenAI денеска...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (6 февруари)

ОВЕН Се чувствувате загрозени од некого. Победата е можна со голема борба доколку сте доволно упорни. Многумина ќе почувствуваат зголемена...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени. –...

Lifestyle1 ден

Истражувачите објаснуваат: Кои намирници навистина го зајакнуваат имунитетот?

Многу популарни домашни лекови и намирници што се сметаат за здрави можеби не се толку ефикасни како што се верува,...

Магазин1 ден

OpenAI воведе нова функција: Што може да направи ChatGPT сега?

Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI, со седиште во Калифорнија, ја претстави новата функција Deep Research во рамките на...

НАЈЧИТАНИ