Здравје и убавина
Еве кој пијалок предизвикува брчки на лицето
Како што старееме, нашата кожа се менува и постојат одредени пијалоци кои, кога редовно се консумираат, прават повеќе штета отколку што мислиме, особено по триесеттите и четириесеттите години.
Ако ви се појават ситни брчки за тоа може да биде виновна редовната консумација на алкохол. Како што е случајот со повеќето намирници и пијалоци, алкохолот е дозволен во нормални граници, но за жал тоа честопати се поврзува со предвремени знаци на стареење.
Преголем внес на шекер и недостаток на хранливи материи предизвикани од прекумерна консумација на алкохол, влијаат на благосостојбата и изгледот на кожата. Иако повремено консумирањето алкохол е во ред, прекумерното консумирање може да ја намали способноста на вашето тело да ги обновува клетките.
Бидејќи алкохолот е диуретик, тој предизвикува прекумерна сувост и дехидрација на кожата. Кога кожата се суши, брчките и порите се видливи, а здравиот сјај на кожата исчезнува.
/denar
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Кичево2 дена
Најсреќните пронаоѓачи до сега од Кичево, кои го извадија светиот Крст за „Водици“ од осветените води
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (18 јануари)
-
Кичево2 дена
Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско
-
Кичево19 часа
Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe
-
Македонија2 дена
Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот
-
Култура23 часа
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
-
Македонија1 час
Охриѓани со јавна поддршка преку транспаренти, Епископот Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
-
Хороскоп11 часа
Празничен Хороскоп за недела (19 јануари)