Кичево
ЕВН Кичево: Дел од корисниците на нас. „Иванидол“ утре и задутре без електрична енергија поради работа на електродистрибутивната мрежа
Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре и задутре или потточно 03 и 04 мај 2022 година – вторник/среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат локалитетите и живеалиштата во следните места:
03.05 вторник:
Дел од корисниците од населба „Иванидол“ (ул. Тренко Тасески) – од 09:00 до 16:00 часот
04.05 среда:
Исто така дел од корисниците од населба „Иванидол“ (ул. Тренко Тасески) – од 09:00 до 16:00 часот
– Село Русјаци (како дел од реонот на ЕВН Кичево) – од 09:00 до 15:00 часот
Инфо: Струја
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
Кичево
Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно лице се обидело со употреба на сила да влезе во семејната куќа каде живее неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.
Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.
Извор: emsc.eu
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево2 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Временска прогноза1 денСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Македонија1 денПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин1 денГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
-
Lifestyle1 денБез оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот
-
Автомобили1 денКако безбедно да возите во магла: Најважните правила и грешки што мора да ги избегнувате
