Кичево
Европската Младинска Асоцијација бара нови членови

Оваа единствена можност е отворена за сите квалификувани младинци кои живеат во Општина Кичево.
Кои сме ние?
Европската Младинска Асоцијација е интеграција на младите во современите општествени текови, како и активно вклучување на младите во сите сфери на општествениот живот и нивното влијание во процесот на донесување одлуки на локално, национално и регионално ниво.
Ние заедно континуирано инвестираме време, знаење и енергија со цел да ја постигнеме нашата визија. Ние сме млади луѓе кои работат со млади луѓе преку едукација меѓу колеги и масовна комуникација поддржана од младински лидери.
Нашата мисија е да ги зајакнеме младите луѓе да ја променат својата заедница. Се стремиме да им помогнеме на младите луѓе, студентите и младите професионалци да станат креатори на идни промени и да изградат подобро општество за сите.
Создаваме платформи за младите да се поврзат, соработуваат и интегрираат нивните идеи и перспективи во националните и регионалните патишта за имплементација на Глобалните Цели на Обединети Нации.
Зошто треба да се придружите на нашиот тим?
- Добијте можност да ги покажете своите таленти, достигнувања и искуство со илјадници млади луѓе преку платформата EYA низ целиот свет,
- Развијте вештини за да станете посилен млад лидер,
- Придонесете кон зајакнување на младите во локална заедница,
- Активно учество во сите активности, настани, состаноци, програми и сл
- Учество во проекти, обуки, форуми, состаноци и патување низ целиот свет
- Добијте пристап и информации за сите светски младински можности
- Добијте сертификат и лична референца кога ви треба
- Да го направиме нашиот град подобар и да развиеме „еден глас“!
Критериуми:
- Да живеете во Општина Кичево
- Помеѓу 18 и 29 години
- Да имате основно познавање на Англиски јазик – (не е задожително)
Како да аплицирам?
Доколку сметате дека ги поседувате горенаведенети критериуми, ве молиме пополнете ја апликациската форма и испратете ни го вашето CV (максимум 2 страници) на – [email protected]
Краен рок за доставување на апликацијата е 31 Август 2021.
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија12 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин9 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации