Кичево
(ВИДЕО) Наместо дворска игра, група на деца активно ги уништуваат фонтаните на кичевско „Китино Кале“

На почеток од 2021 година апелиравме и се повикавме на објавата на првиот човек на мегапроектот за „Китино Кале“ г-дин Дарко Белевски од Кичево кој преку фејсбук статус повика на солидарност од кичевчани да не го уништуваат уникатниот лик на ова уникатно место и неговата ревитализација, но како и пред некое време, така и денес за некои луѓе како да не важат тие изјави и т.н. молби да го зачуваме најскапоцениот дар на градот.
Предмалку бевме сведоци и ние и група граѓани на фрапантна глетка и масовно не почитување на ново изграденото, така што речиси ништо не се почитува!
Поголема група од деца, нивната дворска игра ја замениле со капење во ново изградените фонтани и се ладат во летните горештини.
Деталите во видеото се со намера сокриени, но има за цел да ја покаже ситуацијата и несовесноста на родителите (бидејќи станува збор за деца на возраст од 9-12 години) кои не водат грижа за своите деца и ги пуштаат да ги уништуваат оние највредни работи кои очигледно според ова и не ќе можеме да ги зачуваме
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија13 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин10 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации