Кичево
Во сабота целодневна прослава и изненадувања во спортските обложувалници „Евротип“ во Кичево кои слават 7 години постоење

Оваа сабота 06.05.2023 спортските обложувалници „Евротип“ слават 7 години постоење во Кичево. По повод овој јубилеј најавуваат целодневна роденденска прослава во сите уплатни локации на „Евротип“ спортските обложувалници во Кичево.
Преку нашиот медиум Ве покануваат на едно поинакво дружење со музика, забава и секако награди. Заедно да ги прославиме овие за нас битни моменти. Следуваат многу изненадувања, типување, игри, ваучери, пијалоци.
Вашиот тикет ќе вреди многу повеќе! Очекувајте награди со уплата на тикети во секоја уплатна локација на „Евротип“ низ цело Кичево.
Настанот започнува од 12 часот и ќе трае се до 22 часот.
Ве очекуваме, бидете таму!
Кичево
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест на нашиот празник „Петровден“, именденот на нашата кичевска православна црква Св.Петар и Павле.
Благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедност во сообраќајот, како никогаш до сега беспрекорно ја завршија својата работа, како и до сите учесници, до сите кои со своето присуство оддадоа почит кон празникот, дај боже од година за година да се збираме во уште поголем број!
Благодарност и до „City Caffe“ кој отстапија паркинг место за сите моторџии.
Дидо! 🙌
Вечна традиција!
Кичево
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево, до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
-
Кичево9 часа
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево1 ден
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура1 ден
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Култура12 часа
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Кичево36 минути
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци