Следете не

Спорт

Фајнал-форот во Евролигата, сепак, без публика

Објавено пред

на

Келн – Фајнл-фор турнирот во кошаркарската Евролига во Келн ќе се одржи без публика, објавено е денес на веб-страницата на натпреварот.

Оваа одлука е донесена во договор со германските власти, но и со препораките на градот.

Според најавата на Евролигата, „организаторите“ жалат што годинашното издание ќе помине без публика поради пандемијата на корона вирусот.

Евролигата разви бројни епилози во изминатата година со цел да им овозможи на навивачите, дури и во ограничен број, да присуствуваат на натпреварите, но тоа нема да се случи.

Во соопштението се додава дека новинарите кои не се во можност да присуствуваат на фајналфорот, исто така, ќе можат да работат од дистанца и да ги добијат сите информации.

Фајнл-фор турнирот во Евролигата започнува на 28 мај, кога на програмата се полуфиналните натпревари, а во недела на 30 мај ќе се играат натпреварите за третото место и финалето

Спорт

Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал

Објавено пред

на

©porta.mk

Во „Куќата на фудбалот“ официјално беше претставен ВАР системот, кој првпат ќе се користи во историјата на македонскиот фудбал, почнувајќи од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (Прва МФЛ).

Изградени се три ВАР соби, сервер и контролна просторија, сè според стандардите на ФИФА. Деталите за примената на системот ги презентираа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ВАР проект-лидерот Дејан Јакимовски и Јосип Бартон, претседател на комисијата за делегирање судии.

Покрај ВАР технологијата, Фудбалската федерација на Македонија набави и специјално репортажно возило, кое ќе се користи за телевизиски пренос на натпреварите.

Повеќе прочитајте на официјалниот линк од ФФМ, ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Србија официјално остана без „АТП“ турнирот

Објавено пред

на

Турнирот „Белград Опен“, кој беше закажан за ноември 2025 година, е официјално откажан. И покрај големите напори и вложени ресурси, не беа исполнети условите за организација на настанот во предвидениот термин и формат. Поради тоа, организаторите решија да го откажат овогодинешното издание. Овој викенд се потврди веста дека годинашното издание на АТП турнирот нема да се одржи во Белград.

Од 2021 година, организаторите имаа успешно портфолио од девет професионални тениски турнири, меѓу кои пет АТП 250 настани, еден WTA 250, еден WTA 125, еден ATP Challenger 125, како и еден турнир под покровителство на ITF. Овие турнири привлекоа бројна домашна и меѓународна публика, позиционирајќи го Белград како важна дестинација на тениската мапа.

Организаторите изразија гордост за сето досега постигнато и упатија благодарност до сите кои дадоа поддршка — партнери, спонзори и верната публика.

Тие нагласуваат дека остануваат посветени на развојот на тенисот во Србија и дека ќе продолжат да работат на создавање услови за враќање на професионалните турнири во Белград во иднина.

Планираниот турнир требаше да се одржи од 2 до 8 ноември во ОАКА Арената во Атина, каде што инаку настапува кошаркарскиот клуб Панатинаикос. Со оваа одлука, Белград останува без АТП турнир, што претставува значителен удар за тениската сцена во градот.

Посетата на Новак Ѓоковиќ на Атина во јуни се поврзува токму со испитување на можноста за организирање на турнир во Грција, со цел истиот да се премести од Белград.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во петок започнува новата сезона на првата македонска фудбалска лига, првото дерби ќе се одигра во Тетово, подоцна Вардар го дочекува Пелистер

Објавено пред

на

©porta.mk

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, на 8 август, и веднаш носи возбудливи натпревари. Првото дерби ќе се одигра во Тетово, каде што Шкендија и Шкупи 1927 ќе се соочат од 17:00 часот. Ова е еден од најочекуваните дуели од првото коло, истакна Фудбалската федерација на Македонија.

Подоцна истиот ден, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одржи уште еден голем натпревар – Вардар против Пелистер, со почеток од 20:00 часот.

Целосниот распоред на првото коло од сезоната 2025/26 изгледа вака:

Петок, 8 август:

  • Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | Тетово
  • Вардар – Пелистер | 20:00 | Скопје

Сабота, 9 август:

  • Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | Куманово
  • Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Струга

Недела, 10 август:

  • Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | Кавадарци

Понеделник, 11 август:

  • Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | Кратово

Фановите со нетрпение ја очекуваат новата сезона и возбудувањата што ги носи уште од првото коло.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело...

Автомобили6 часа

Ford открива повеќе за новите буџетски возила

Најавата доаѓа со големи очекувања • Ford ќе открие повеќе информации за своите претстојни евтини електрични возила на настан што...

Lifestyle6 часа

Пет додатоци во исхраната што никогаш не треба да ги земате со кафе

Навиката со утринското кафе може да ја намали ефикасноста на суплементите За многу луѓе, денот не може да започне без...

Автомобили6 часа

Mercedes G-класата собори рекорд: произведен 600.000 примерок

Легендата продолжува Веќе 46 години, Mercedes-Benz G-класата е симбол на луксуз, моќ и трајност. Позната по својот карактеристичен „кубен“ дизајн...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за четврток (7 август)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Спорт1 ден

Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал

Во „Куќата на фудбалот“ официјално беше претставен ВАР системот, кој првпат ќе се користи во историјата на македонскиот фудбал, почнувајќи...

Македонија1 ден

МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините

Министерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски...

Скопје1 ден

Поради недоразбирање во сообраќај кај Бит Пазар, физички се пресметале, едниот пукал со огнено оружје

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај...

Магазин1 ден

ChatGPT-5: Што носи новата револуција во вештачката интелигенција?

По месеци шпекулации и исчекување, новиот модел на OpenAI – GPT-5 сè уште официјално не е објавен. Иако првичните најави...

Автомобили1 ден

Полека, но сигурно: Германците преминуваат на електрична енергија

Бројот на новорегистрирани електрични автомобили во Германија значително се зголеми во јули. Според податоците на Федералната администрација за моторни возила,...

НАЈЧИТАНИ