Следете не

Спорт

Денвер ноќеска убедливо победи против Мемфис во NBA лигата

Avatar

Објавено пред

на

Во продолжението од НБА лигата, србинот Никола Јокиќ придонесе за убедлива победа на Денвер како домаќин над Мемфис Гризлис со 120:96, дело обезбедено во последната четвртина, со неговиот 53. сезонски дабл-дабл учинок ноќеска.

Јокиќ за 30 минути на теренот забележа 24 коша и 15 скока, со пет асистенции, а најдобар стрелец во редовите на Денвер повторно беше Мајкл Портер Junуниор со 31 поен.

Денвер сега има скор од 40 победи и 21 пораз и е на четвртото место во Западната конференција.

ФОТО: Tanjug (AP Photo/David Zalubowski)

Спорт

(ВИДЕО) ПРЕМИЕРНО денес во етер е официјалниот видео запис за песната „Одиме на Европско“ посветен на македонската фудбалска репрезентација

Avatar

Објавено пред

на

Денес и премиерно е поставен официјалниот видео запис и навивачката химна за македонската фудбалска репрезентација – „Одиме на Европско“ на ВИС РИСОВИ. Да им посакаме многу среќа и уште поголеми успеси!

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ќе учествува на меѓународниот турнир Миљан Миљаниќ во Србија

Avatar

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија ќе учествува на седмиот по ред меѓународен турнир „Миљан Миљаниќ” за фудбалери до 17 години ( генерација 2005 ) во периодот од 10 до 15 мај.
Организатор на турнирот е Српската фудбалска федерација, а натпреварите ќе бидат одиграни на терените во Стара Пазова.

Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Србија, која воедно е и домаќин на овој турнир, Црна Гора и Бугарија.

Првиот натпревар, избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против соодветната репрезентација на Црна Гора, на 11 мај со почеток од 14:30 часот.

Селекторот Тони Јакимовски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Стефан Јовановски ( ФК Славија Прага ), Давид Стојановиќ ( ФК Македонија Ѓ.П. );

ОДБРАНА: Симеон Здравковски ( Ф.К. Њу Старс ), Андреј Аризанковски ( ФК Победа ), Рамадан Сулејмани ( ФК Линк Ласк / А ), Анес Малиќи ( Уефа Академија ), Марко Стојилевски ( ФК Вардар ), Хадис Таири ( ФК Њу Старс ), Матеј Јаневски ( ФК Работнички;

СРЕДИНА: Максим Бундалевски ( ФК Кул ), Амир Нухија ( Ф.К. Шкендија ), Мартин Ѓоргиевски ( ФК Академија Пандев ), Ѓорѓи Џосев ( ФК Вардар ), Берат Јасари ( ФК Киево ), Омерфарук Сулејмани ( ФК Шкупи ), Кире Стојанов ( ФК Академија Пандев ), Никола Манојлов ( ФК Работнички ), Азис Јамини ( ФК. Аданаспорт );

НАПАД: Зани Назифи (ФК Шкендија ), Никола Величковски ( ФК Вардар );

„ Првиот натпревар го играме против репрезентацијата на Црна Гора, противник кој доста добро го познаваме и респектираме, со оглед на тоа што минатиот месец одигравме два натпревари против нив во Скопје. Се надевам дека овој пат ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на победата. Одигравме два добри меча против Црна Гора, средби во кои пропуштивме многу добри шанси за постигнување погодок. Во однос на минатиот собир, имаме повикано неколку нови фудбалери, кои се надевам дека ќе одговорат на предизвикот и ќе ги оправдаaт очекувањата. Верувам во моите играчи и се надевам дека ќе успееме да ја претставиме Македонија во вистинско светло “, вели селекторот Тони Јакимовски.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ГАЛЕРИЈА) „Скопско“ и ФФМ со заедничка соработка, здравица на Сејдини и Сладиќ за нови успеси!

Avatar

Објавено пред

на

Денеска и со официјален мини-настан ФФМ и Пивара Скопско склучија договор за меѓусебна соработка.

Од ФФМ велат: Нѐ радува тоа што еден од најпрепознатливите наши брендови, безвременското „Скопско“ станува дел од фудбалското семејство, заеднички да се радуваме на нови победи, со душа и со срце да ја бодриме нашата репрезентација

На настанот пред Куќата на Фудбалот беа гости и креаторите на Химната за Европското – бендот „Вис Рисови“, додека покрај претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и ген. директор на Скопско – Горан Сладиќ присутни беа и фановите на македонската репрезентацијата – Саше Љолес, Петар Младеновски, Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободан Хаџи Илиев.

Одиме заедно до нови победи.

Напред Македонија! 🇲🇰

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 2 часа

На денешен ден – 10 мај

1497 година – Италијанскиот навигатор Америго Веспучи тргна на своето прво патување кон Новиот свет. Плови до бреговите на Бразил...

ХороскопПред 5 часа

Хороскоп за денес (10 мај) понеделник

ОВЕН Препреките кои денес ви се појавуваат можат да бидат прилично тешки за вас. Бидете внимателни и смирени. Вашата самодоверба...

LifestyleПред 8 часа

Неколку работи што не би требало да правите додека сте гладни

Чувството на глад може да влијае на вашето расположение на повеќе начини, но и на вашето здравје. Гладот ​​може да...

МакедонијаПред 12 часа

Денес 135 нови случаи, починале 14 лица како последица од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

СветПред 16 часа

Нема простор за паника, деловите од ракетата се срушија во океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денеска во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 9 мај

1502 година – Шпанскиот навигатор Кристофоро Коломбо пловеше од шпанското пристаниште Кадиз на своето четврто и последно патување кон Новиот...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (9 мај) недела

Овен  Постојат неочекувани проблеми кои го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но со дополнителна упорност може да ги остварите своите професионални...

СпортПред 1 ден

(ВИДЕО) ПРЕМИЕРНО денес во етер е официјалниот видео запис за песната „Одиме на Европско“ посветен на македонската фудбалска репрезентација

Денес и премиерно е поставен официјалниот видео запис и навивачката химна за македонската фудбалска репрезентација – „Одиме на Европско“ на...

МакедонијаПред 1 ден

Добри вести, денес 198 нови случаи и 12 починати од Ковид-19, ситуацијата се стабилизира?

Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на Ковид 19 во: -Скопје 76...

КултураПред 2 дена

(ГАЛЕРИЈА) Успешно се одржа Струшката еордија под засилени мерки за заштита од Коронавирусот

И оваа година, иако под засилени мерки за заштита од коронавирусот, Струшката еордија ги восхити побожните Стружани, кои оддавајќи им...

НАЈЧИТАНИ