Македонија
Фатен крадец од Гостивар, одзел патничко моторно возило
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (26 февруари) околу 15 часот и 45 минути на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Тој се сомничи дека претходниот ден одзел патничко моторно возило „пежо 306“ со гостиварски ознаки, кое било паркирано на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар. Возилото било најдени и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Култура7 часа
Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“
-
Магазин2 дена
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи16 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Спорт13 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите