Македонија
Намалена видливост поради магла патен правец према Стража, Лисец – Попова Шапка
Македонија
Викендов започнува зимското сметање на време, сонцето ќе заоѓа порано и деновите стануваат значително пократки
Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март. Ноќта на 27 октомври стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за 1 час назад, односно во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад на 2 часот наутро.
Дополнителен час „спиење“ додека се подготвуваме за постудените месеци кога сонцето заоѓа порано и деновите стануваат значително пократки.
– Инаку, да напоменеме дека во ЕУ постоеше иницијатива да се укине промената на времето. Исто така многу академици, научници и активисти тогаш повикаа на укинување на традицијата на променување на часовникот, наведувајќи ги подобрувањата на менталното и физичкото здравје, јавната безбедност и благосостојба, но за сега остана тоа само како препорака или вечна идеа.
Македонија
Денес е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
Денеска е празник, 23 октомври, Ден на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО).
Токму на 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик, со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји.
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење.
Овој ден, Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Нека е честит и вековит празникот на Македонската Револуционерна Организација.
/petrovec
Македонија
Од ноќеска пониска цена на горивата во Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (23 октомври)
-
Кичево1 ден
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
-
Lifestyle1 ден
Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?
-
Временска прогноза16 часа
До крајот на месецот стабилно време, но со ниски утрински температури и магла по котлините
-
Хороскоп44 минути
Хороскоп за четврток (24 октомври)
-
Македонија17 часа
Денес е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Македонија2 часа
Викендов започнува зимското сметање на време, сонцето ќе заоѓа порано и деновите стануваат значително пократки
-
Автомобили13 часа
Големи промени за возачите: Екраните влегуваат во историјата?