Спорт
ФФМ донираше 4200 фудбалски топки на клубовите од Детската лига и Училишен фудбал
Фудбалската федерација на Македонија денеска во просториите на „Куќа на фудбалот” донираше преку 3600 фудбалски топки на клубови, учесници во Детската лига на ФФМ.
Со оваа донација, нашата федерација ја продолжи својата поддршка на клубовите кои се натпреваруваат во шесте региони во државата во детската лига на ФФМ.
Вкупно 131 клуб партиципираат во шесте региони од Детска лига на ФФМ, а повеќе од 570 екипи се натпреваруваат во шест категории за фудбалери родени од 2009. до 2014 година.
Фудбалската Федерација на Македонија ќе продолжи со големата акција за подршка за правилен развој на најмладите во фудбалот.
Со последната поддршка која вклучуваше донација на 400 фудбалски топки за 76 основни училишта за машки фудбал и 150 фудбалски топки за 24 училишта за женски фудбал бројката на донирани фудбалски топки изнесува близу 4200.
Спорт
Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.
Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.
– „Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.
Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Спорт
Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.
Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.
– Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.
Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.
Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.
Спорт
(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.
– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.
Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски
Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Кичево8 часа(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Спорт2 дена(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Македонија1 денПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Македонија1 денНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација












