Спорт
ФИФА ги истакна македонските судии за претстојната 2023 година, во листата и кичевчанец како асистент судија
Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја одобри листата на македонски судии за 2023 година, на истата се најде и кичевчанецот Куштрим Лика кој е вистински професионалец во својата област.
Листата е следна:
Главни судии: Александар Ставрев, Игор Стојчевски, Јован Качевски
Асистенти судии: Дејан Костадинов, Гоце Петрески, Куштрим Лика, Даниел Василевски, Слаѓан Марковски, Бранко Путилин
Женски главни судии: Ива Пројковска, Ирена Велевачкоска Ристевски
Женски судии асистенти: Вјолца Изеири, Елена Соклевска Илиевски, Ангела Домазетовска
Футсал судии: Јосип Бартон, Марјан Младеновски, Доне Ристовски
Спорт
Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите
Во Софија Бугарија, покрај голема конкуренција на јуниорски играчи од 6 држави 🇲🇰🇧🇬🇷🇸🇲🇪🇧🇦🇺🇦 на пиедесталот во две категории се искачија 2 Македонски шампиони:
У-17 Андреј Ѓурчиновски 🇲🇰🏆
У-19 Блендијан Ќазими од Кичево 🇲🇰🏆
Огромни честитки и за финалистот во категорија У-17 Илија Димовски 🇲🇰🥈
Честитки до Македонските јуниорски натпреварувачи, нивните фамилии, нивните клубови и до сите што ги поддржуваат на нивниот веќе докажан шампионски пат!
Активностите во Македонскиот биљард покажуваат резултати, иднината на овој спорт е во сигурни раце.
Честитки и до организаторите на оваков тип на натпревари и се надеваме само овака да продолжи, покрај натпреварувања, да имаме и размена на искуства и дружења со сите наши соседи во регионот, истакна претседателот на Билиард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.
Резултати од У-17 може да најдете ТУКА
Додека за У-19 резултатите исто така се запишани ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Илиевска Божиновска ја пофали досегашната работа во Фудбалската федерација, додека администрацијата преку видео запис го истакна годишниот извештај на сработеното
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето Редовно генерално Собрание. На Редовното генерално Собрание беа присутни 58 од вкупно 60 делегати кои ги ги усвоија низа точки од дневниот ред.
– Завршна сметка за 2023;
– Извештај од независен ревизор за 2023;
– Извештај од Надзорен одбор за 2023;
– Потврдување на одлуката за суспензија на ОФС Струмица;
– Усвоен извештајот од претседателот и Управниот одбор на ФФМ;
– Извештај од администрацијата за исполнување на стратешките планови;
– Усвоен е буџетот за 2024 година;
Генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска во своето обраќање истакна дека федерацијата има одлична соработка со Општинските фудбалски Сојузи, како своја база, но и ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА.
– Наталиа Илиевска Божиновска – генерален секретар на ФФМ: „Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија би сакала да истакнам дека имаме извонредна соработка со сите вас и би сакала искрено да ви честитам на досегашната работа. Да ви посакам многу среќа, сила и успех во соочувањето со новите предизвици.
Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации. Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал.
Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидуваме.
Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел – место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите. Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт.
Во продолжение видео од прифатениот Годишен извештај на администрацијата на Фудбалската федерација на Македонија согласно стратешките планови.
Спорт
(ФОТО) „ФК Кичево“ со денешната победа ја потврди шампионската титула во регионалната лига за гененерација 2009, честитки за поголеми успеси!
Денес се одигра и последното 14-то коло во рамките на регионалната лига „југо-запад“ за 2023/2024 год, генерација 2009 каде нашата екипа „ФК Кичево“ со победа над кичевски „ФК Напредок“ го потврди шампионското прво место во лигата и заслужено се искачи на пиедесталот.
Полна трибина со љубители на фудбалот, многу позитивна енергија, одлично прикажана игра, за уште подобар резултат. Момчињата на „ФК Кичево“ славеа со резултат од 13:0, додека стрелци на головите беа Стефан Војчески (6 голови), Андреј Петрески (2 голови), Елмедин Шерифоски (1 гол), Дарио Јосифоски (1 гол), Матео Јорданоски (1 гол), Омер Али (1 гол), Димитар Кузманоски (1 гол)
– Овој натпревар исто така имаше големо значење за едно момче во нашите редови, а тоа е Стефан Војчески, златната „седумка“ на „ФК Кичево“ кој запиша и надмина „50 голови“ во лигата, а токму педесеттиот гол го прослави на карактеристичен начин, овозможен од управата на клубот, така што во оваа прилика и од нашата редакција му посакуваме само успеси и уште многу голови!
Игор Николаевски – тренер на „ФК Кичево“ : „Со убедлива победа ја затворивме оваа сезона и ни претставува голема чест што го освоивме првото место во лигата и се надеваме на поголеми успеси во наредните сезони. Ја користам оваа прилика да им честитам на сите момци, голема благодарност и до вас за неуморната соработка, што го следите буквално секој чекор на сите наши членови, нас како управа, се надевам дека така и ќе остане во иднина.“
Галерија преку нашиот објектив од денешната фудбалска сабота:
-
Кичево2 дена
Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (22 април)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Спорт2 дена
Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите
-
Македонија24 часа
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Автомобили2 дена
„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..
-
Lifestyle1 ден
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин1 ден
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука