Спорт
ФИФА не простува, казнети Сенегал и Нигерија поради нереди на навивачи

Меѓународната фудбалска федерација го казни Сенегал со 175.000 швајцарски франци поради нередите на навивачите во квалификациите за Светското првенство против Египет.
По пеналот Сенегал го победи Египет и избори пласман на Светското првенство во Катар, а играчите на гостинската селекција имаа голем проблем со ласерите од трибините.
ФИФА објави дека Фудбалскиот сојуз на Сенегал е казнет поради употреба на ласер, влегување во навивачите на тер
Сенегел беше казнет и со еден натпревар без присуство на публика.
ФИФА ја казни Нигерија и со 150.000 швајцарски франци и еден натпревар пред празни трибини. Според ФИФА, навивачите упаднале на теренот во Абуџа, а имало и други инциденти откако тој тим загубил од Гана во плеј-офот.
Меѓународната фудбалска федерација ги казни Конго (125.000 швајцарски франци) и Либан (100.000) поради тоа што не се организирале. И двете селекции ќе одиграат по еден натпревар без присуство на навивачи.
/b92
Спорт
Благоја Милевски го повика младиот Тошевски, во замена за повредените Ристовски и Ќамили, Ашковски неизвесен до самиот старт

После првиот тренинг на македонската фудбалска селекција, селекторот Благоја Милевски се соочи со неочекуван проблем. Имено, поради повреди на следните два меча против Лихтенштајн во гости и дома против Велс, неможе да смета на Милан Ристовски и Лирим Ќамили.
Како нивна замена, а според наши лични контакти со ова младо момче, дополнителен повик доби Тошевски Давид од австриски „Клагенфурт“. За стартот на Ашковски исто така ќе биде неизвесно како што информираат од ФФМ, но медицинскиот тим дополнително ќе ја прегледа неговата здравствена состојба со повредата на зглобот.
Напред Македонија!
Спорт
Македонската фудбалска репрезентација со молк и обединети во тага поради настаните ги започнаа претстојните подготовки за претстојните предизвици!

Македонската фудбалска репрезентација ги започна претстојните подготовки и нови предизвици со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Обединети во тагата, со молитви жртвите да почиваат во мир, истакнаа на својата социјална мрежа.
Спорт
„Не е време за фудбал“, поради трагедијата во Кочани, Фудбалската федерација на Македонија ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции

Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.
Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.
Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции, истакнаа од „Куќата на фудбалот“ и претседателот Масар Омерагиќ за јавноста.
-
Кичево14 часа
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Балкан1 ден
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Кичево1 ден
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија6 часа
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија1 ден
Поради снег предмалку воведена забрана за ТТВ на Стража, Маврово-Дебар
-
Македонија12 часа
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Временска прогноза22 часа
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме
-
Македонија8 часа
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип