Следете не

Спорт

(ФОТО+ВИДЕО) Ќе гледаме кичевско финале во мал фудбал за „Илинден“, „Кеди Дизајн“ & „Асан“ најуспешни екипи на овогодинешниот турнир

Објавено пред

на

Вчера во одлична атмосфера, со гости до последно столче, се одиграа полуфиналните мечеви на големиот турнир во мал фудбал кој се организира традиционално по 55-ти пат по повод големиот празник „Илинден“. Во првиот меч се сретнаа екипите на „Викса Маркети“ и „Кеди Дизајн“, каде црните ја имаа играта во свои раце и доминираа, со тоа што го добија натпреварот со 2:0.

Вториот меч беше нешто со по динамичен ритам, односно на самиот старт од натпреварот гостите од „Охрид“ веднаш почнаа со атак врз домаќините. Многу шутеви, шанси за гол, но и неколку стартови на домаќините кои беа забележани и санкционирани од супериорниот судија Дејаноски.

– По првата акција на домаќините пред гостинскиот гол, екипата на „Охрид“ во добра дефанзива го сопре нападот и со контра поведе со 1:0, но за кратко, екипата на „Асан“ не дозволи долго водство, така што радоста кратко траеше, имено по една мешаница на шест метри гостите го израмнија резултатот со што остана турбулентно до самиот крај, каде одлучуваа пеналите, а домаќините во старо-добар ритам со старо-добри шутери без грешка, го искористија промашувањето на гостите и отпатуваа директно во финале кое ќе се игра утре, среда 2-ри август, со почеток од 19:00 часот.

Да потсетиме, после завршувањето на големото финале и прогласувањето на победниците кои добиваат парични награди од 60,000 ден за прво место, 40,000 ден за второ и 20,000 ден за трето место следува музичка програма со естрадниот уметник Дарко Стојаноски и „Харизма Бенд“ во живо.

Во прилог официјално видео од изведување на пеналите, како и неколку фотографии преку нашиот објектив.

Ве покануваме утре да бидете дел од големото финале, покрај ладниот пијалок и највкусната скара на жар која веднаш ќе ви ги освои симпатиите, Спортски поздрав!

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Спорт

Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Markus Spiske

Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.

Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.

Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.

Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.

/021.rs

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Спорт

„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Chaojie Ni

Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.

Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.

Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.

/NBA

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Спорт

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

Објавено пред

на

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Дополнително:

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle39 минути

Тоше Ангелески, пејач и композитор од Кичево, силна емоција, автентичен звук, 2026-та година ќе биде албумска со многу позитивна енергија

Тоше Ангелески, еден од најактивните македонски изведувачи во моментов, ја заокружува 2025 година со рекорден број на настапи, бројни гостувања...

Спорт3 часа

Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл

Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (19 декември)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Кичево17 часа

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево18 часа

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија22 часа

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза23 часа

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево24 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија1 ден

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин1 ден

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

НАЈЧИТАНИ