Следете не

Спорт

(ФОТО) Академијата на Фудбалската федерација на Македонија дава поттик и грижа за младите фудбалери кои се иднина на клубовите и националните тимови

Објавено пред

на

ФФМ постојано дава поттик за тренирање и грижа за младите фудбалери. Во неколку продолженија ќе ја претставиме Академијата на ФФМ за развој на елитни млади фудбалери, кои во иднина би можеле да бидат носители на играта во клубовите и национални селекции.

Академијата на Фудбалската федерација на Македонија оваа година ја прими својата деветта генерација ученици.

Две паралелки, генерацијата 2009. започнува со својата втора година во ФФМ академија и генерацијата фудбалери родени 2010. преку тестирања низ целата држава заслужија место во програмата на ФФМ за развој на младите фудбалери.

Фудбалската федерација на Македонија ја формираше својата академија во септември 2014. нудејќи можност за концентрација на талентот на едно место и целосно фокусирање на активностите кои се одвиваат во рамки на академијата. 35 млади фудбалери од генерацијата 1999/2000 ја сочинуваа првата паралелка од академијата на ФФМ.

Од тогаш, па се до денеска, ФФМ во соработка со УЕФА работи по развоен годишен план за младите фудбалери од академијата. Посебен стручен тим е одговорен за активностите и работата во фудбалерите за принципите на играта, техниката и тактиката, но исто така, на фудбалерите им се овозможени сите останати елементи потребни за нивниот развој почнувајќе од сместување, соодветна исхрана и нутриционистички план, здравствени и рехабилитациски услови, па се до реализирање на редовна едукативна програма. Елементи кои се од суштинско значење за развој на еден фудбалер.

Работата со младите категории во академијата на ФФМ е оценувана и под надзор на посебни комисии на УЕФА, што овозможува правилна насока за развојниот пат на фудбалерите.

Зоран Стратев – технички менаџер и координатор на млади национални селекции во ФФМ

„Со условите кои ги овозможуваме, со поддршката од УЕФА преку програмата за развој, сметам дека овие млади луѓе имаат неповторлива шанса да успеат во фудбалот. Правиме големи напори и обезбедуваме средства да го реализираме проектот на вистински начин и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина“.

„Кога фудбалерите од различни клубови имаат можност од рана возраст заедно да тренираат, да ги запознаваат своите недостатоци и силни страни, да се развиваат, сето тоа е предуслов за понатамошно унифицирање и  креирање на силен репрезентативен состав.Пријателството и меѓусебната доверба која ја стекнуваат младите играчи е веројатно најголемата добивка од овој тип проекти, се надевам дека и тие ја сфаќаат сериозноста на активностите“.

Во претстојната сезона 2023/2024 вкупно 54 деца од генерациите 2009. и 2010. се дел од ФФМ академијата.

Драган Начевски е главен тренер на генерацијата 2009. Фарук Јонуз е негов помошник, а тренер на голмани е  Зоран Мицески. Ментор на генерацијата 2009. е Предраг Митковски.

Со генерацијата 2010. стручниот тим го сочинуваат Неџат Шабани (главен тренер), Горан Георѓиевски (помошен тренер), Никола Ѓорѓиев (тренер на голмани). Ментор на генерацијата е Виктор Павловски.

Двете генерации ќе бидат подготвувани од кондицискиот тренер Роберт Стојановски. Главен доктор на ФФМ Академијата е професор Ванчо Поп Петревски.

Фудбалери од ФФМ академијата својата настава од образовниот процес ќе ја следат во четири основни училишта, „Гоце Делчев”, Лазо Ангелевски”, „Ѓорѓи Димитров” и „25 Мај”, а во ФФМ академијата целосно се опремени две училници за дополнителна настава на младите фудбалери.

Досегашните анализи ја потврдуваат потребата од постоење и понатамошно вложување во ваков тип на проекти. Повеќето играчи кои се и биле дел од Академијата станале стандардни членови во репрезентациите на Македонија.

ФФМ ќе продолжи да работи напорно и посветено за доброто на македонскиот фудбал и создавање на нови лидери кои ќе бидат носители на националниот тим на Македонија во иднина. Со помош на УЕФА, ФФМ создаде академија со силна врска меѓу фудбалските школи и клубовите.

Продолжуваме во таа насока, тренерите и инструкторите да имаат експертска обука од УЕФА со цел да ги подигнат своите стандарди на работа, а за возврат мотивирано да ја применат во својата работа, а младите фудбалери да добиваат суштински совети и насоки не само од техничка гледна точка, туку и од аспект на образованието и менаџирањето на процесот, истакна ФФМ за јавноста..

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“

Објавено пред

на

©ФФМ

Вчерашниот натпревар  Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашиот фудбал. Сериозните судиски грешки доведоа до значителна неправда за тимовите во МФЛ и не само што предизвика разочарување и гнев, туку ја потенцираше потребата за брзи дејствија во насока на подобрување на судењето и спроведување на праведноста.

Во текот на сезоната, се соочивме со судиски грешки кои директно влијаеа на интегритетот на фудбалската играта. Последните судиски грешки, но и грешките во изминатите кола од МФЛ, не принудуваат да се движиме побрзо кон подобрување и праведност во македонскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е цврсто решена да не дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.

Со тоа на ум, ФФМ активно работи на воведување на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашите лиги. Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологијата тоа да не се оствари, бидејќи овој чекор е критичен за ефективното воведување и функционирање на ВАР технологијата. Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме.

Фудбалот не е само игра, туку симбол на спортска правда и рамноправност. Во срцето на секој натпревар е желбата за фер-плеј, каде секој тим има еднакви шанси за успех.

Паралелно со овие напори, ФФМ континуирано инвестира во професионалниот развој на нашите судии. Редовно ги испраќаме на обуки и семинари во рамките на УЕФА со цел подобрување на нивните вештини и способности за правилно судење.
Ние сме посветени на обезбедување на највисоки стандарди во нашиот фудбал и веруваме дека овие чекори ќе придонесат кон правичен и квалитетен фудбалски исход, истакна Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.

Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Тони Јакимовски даде свое видување и кратка анализа за групата од Елитната рунда на квалификации за пласман на ЕП.

– Задоволен сум од ждрепката, се наоѓаме во добра група. Реално можевме да добиеме и потешки противници. Меѓутоа во денешниот фудбал модерен фудбал, нема слаби и јаки репрезентации, сите располагаат со одреден квалитет и умеат да играат фудбал на високо највисоко ниво.

– Се надевам дека на претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда за пласман на Европско првенство, пред се ќе успееме да го задржиме континуитетот на добри игра и позитини резултати. Нема да биде нималку лесно, но подготвени сме за овој предизвик.

– Мотивацијата кај моите фудбалери и целиот стручен тим е на едно високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да успееме да отидеме чекор понапред и обезбедиме пласман на Европско првенство.

– Постои голема жеба за докажување и надигурвање кај моите фудбалери. Се надевам дека нема да изостане и ќе успееме да се прикажеме во добро светло во март. Да го заокружиме овој тригодишен циклус со успех.

– Се надевам дека во следниот период на подготовки, сите фудбалери ќе бидат здрави и ќе ги имам на располагање. Не очекуваат два контролни мечеви во Скопје против селекцијата на БиХ на 27 и 29 февруари. Тоа ќе биде и нашата последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.

– Максимално верувам во оваа генерација на фудбалери. Покажавме карактер, одлучност и голема желба за успех. Очекувам дека можеме да направиме и постигнеме нешто повеќе, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното Европско првенство.

Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 19 години во група со Швајцарија, Украина и Летонија за пласман на ЕП 2024 – Ајде наши!

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.

Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“

Вчерашниот натпревар  Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР)...

Кичево3 часа

(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“

Внесете Новогодишна магија во вашиот дом, голем избор на новогодишни украси и лампиони во АТВА Маркетите, посетете ги уште веднаш!

Спорт5 часа

Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година...

Автомобили8 часа

Tesla Model S со поминати 1,9 милиони километри, а еве беше променето (ВИДЕО)

Податоците дека автомобилот поминал 1,9 милиони километри звучат повеќе од импресивно, особено кога станува збор за електричен модел. И кога...

Автомобили8 часа

Клиентите не знаеја како да влезат во Cybertruck, Маск мораше да интервенира

Првите единици на Tesla Cybertruck беа испорачани минатата недела, но некои клиенти се чини дека не го разгледале многу добро...

Магазин8 часа

Google има одговор на ChatGPT: „Нашиот најспособен модел досега“

Google го претстави Gemini, својот најнов главен јазичен модел и го нарече „најспособниот што досега го направиле“. Gemini постепено ќе...

Магазин9 часа

Ова е најгледаното видео на TikTok во 2023 година (ВИДЕО)

Дали знаете кое видео е најгледано на TikTok? Според податоците објавени од TikTok, најгледаното видео оваа година има 504 милиони...

Спорт9 часа

Македонија до 19 години во група со Швајцарија, Украина и Летонија за пласман на ЕП 2024 – Ајде наши!

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година...

На денешен ден19 часа

На денешен ден – 7 декември

43 п.н.е – Почина Марк Тулиј Цицерон, римски политичар, писател и познат оратор. 1815.- Застрелан е Мишел Неј, најпознатиот маршал...

Хороскоп21 час

Хороскоп за четврток (7 декември)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

НАЈЧИТАНИ