Следете не

Спорт

Фиорентина, Базел, Лех и Гент во осминафиналето на Конференциската лига

Објавено пред

на

Фудбалерите на Фиорентина вечерва се пласираа во осминафиналето на Конференциската лига, откако во реваншот од плејофот на домашен терен ја совладаа Брага со 3:2. Фиорентина во првиот натпревар победи со 4:0, а стигна до победа со вкупни резултат 7:2.

Брага поведе вечерва со головите на Андре Кастро во 17 и Алваро Диало во 34 минута. Домашните го намалија резултатот преку Роландо Мандрагора во 37. минута, а потоа во 50. минута по употребата на ВАР технологијата беше поништен голот на неговиот соиграч Артур Карбал.

Фудбалерите на Гент исто така се пласираа во осминафиналето откако на свој терен го совладаа Карабаг со 1:0 со голот на Гифра Орбан во 74. минута.

Во првиот натпревар Карабаг победи со 1:0, па се играше продолженија, по што немаше промена во резултатот, по што победникот беше решен со изведување на пенали.

Белгискиот тим ги реализираше сите пет пенали, а стрелци беа Жулиен Де Сарт, Уго Кујперс, Орбан, Сулејман Марех и Седерик Ван Даеле.

Стрелци на головите за Карабаг беа Рикар Алмеида, Адама Дијакаби и Торал Бајрамов, а голманот на домашниот тим одбрани пенал на Јасин Бензија.

Во петок од 13 часот во Нион ќе се изврши ждрепката за осминафиналето на Конференциската лига.

Спорт

74 конгрес на ФИФА во Бангкок: Светското првенство за жени во 2027 да се одржи во Бразил, како најважна точна на дневниот ред

Објавено пред

на

©ФФМ

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското првенство за жени во 2027 година да се одржи во Бразил. Изборот на домаќин на Светското првенство за жени беше најважната точка на дневниот ред на Конгресот на ФИФА што се одржа во Бангкок.

Земјите членки на ФИФА одлучија домаќинот да му го доделат на Бразил, кој со 119 гласа победи пред кандидатурата на Белгија, Германија и Холандија кои добија поддршка од 78 земји. Десеттото издание на женското светско првенство за првпат ќе се одржи во Јужна Америка, а титулата светски првак ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија.

Конгресот го усвои и годишниот извештај за 2023 година, предлог-буџетот за 2025 година и измените на Статутот на ФИФА.

– „ФИФА го финансира фудбалот ширум светот. Приходите што ги генерираме не одат за одреден број клубови, туку одат во сите 211 земји членки. Нашата мисија е да го развиваме фудбалот ширум светот, бидејќи 70 отсто од земјите членки не би имале доволен приход без придонес на ФИФА“, истакна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Делегацијата на Фудалската федерација на Македонија ја предводеше претседателот Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.

https://www.youtube.com/watch?v=1fucSuUI1lY

Прочитај повеќе...

Спорт

Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на 12.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 14 минута.

„Главен судија: Димтар Пилешков. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.

14 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во 16-сетникот на домашната екипа и пред да ја прими топката минимално беше повлечен за рака од противнички играч, по што падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки влечењето беше минимално, без интензитет и недоволно за пенал.

На натпреварот Фк.Шкупи-Фк.Брера одигран на 12.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 29 минута.

„Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.

29 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и поништен гол на домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа центрираше во 16-сетникот на гостиснаката екипа, топката дојде до друг ирач на домашната екипа и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд и што го поништи голот бидејки во момент на центаршутот од својот соиграч, играчот на домакините се наоѓаше во недозволена позиција (позади  предпоследниот играч на екипата на гостите).

Помошниот судија во оваа ситуација беше добро поставен, во линија со предпоследниот играч на гостинската екипа и имаше исправна проценка на оваа тешка ситуација.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа, додека на натпреварите од ВТОРA МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Прочитај повеќе...

Спорт

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Објавено пред

на

©ФФМ

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во Велес, во реприза на минатогодишното финале успеа да издвојува минимална победа со 1:0 над екипата на Каменица Саса.

Aлександра Марковска е стрелецот на единствениот погодок и тоа директно од корнер на денешната финална средба во 90. минута.

ЖФК Каменица Саса: Фереира Да Силва, Гонзалс Руеда, Делгадо Бенедито, Иригучи Наноска, Ана Димитровска, Радица Велкова, Стефанија Маринковска, Драгана Костова, Фрагосо Туане, Елена Панеска, Стефанија Ристова

Тренер: Зоран Златковски

ЖФК Љуботен: Магдалена Лекоска, Ива Јованоска, Павлинка Николовска, Александра Марковска, Елена Симјанова, Наталиа Луана, Кармо Мартинс, Елена Петровска, Бојана Петкова, Христина Јошевска, Алваренга Диас

Тренер: Елена Петровска

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 часа

Samsung Galaxy Z Fold 6 се појави во листата на Geekbench

Претстојниот телефон на преклопување Samsung Galaxy Z Fold6 ќе биде официјално претставен на 10 јули, а денешната листа на Geekbench...

Магазин3 часа

Доаѓа iPhone Slim и ќе биде најскапиот модел во серијата

Веќе претходно дознавме дека Apple ќе ја освежи својата линија на iPhone за следната година, па моделот Plus ќе биде...

Магазин3 часа

Граѓаните предупредени да не користат TikTok: „Сите податоци одат кај кинеската влада“

Шефот на канадската безбедносна разузнавачка служба Дејвид Вињо денеска ги предупреди канадските граѓани да не ја користат апликацијата TikTok. Тој...

Магазин3 часа

Apple ќе ги продава Vision Pro надвор од САД

Според извештајот на Блумберг, Apple се подготвува да ги продаде своите слушалки Vision Pro надвор од САД. Цена 3.499 долари...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за сабота (18 мај)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

Спорт16 часа

74 конгрес на ФИФА во Бангкок: Светското првенство за жени во 2027 да се одржи во Бразил, како најважна точна на дневниот ред

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското првенство за жени во 2027 година да се...

Македонија20 часа

Старица од Прилеп измамена на телефон за наводно случена сообраќајка на нејзина внука

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно...

Кичево1 ден

(ВИДЕО+ФОТО) Жива е Македонија! Со песна, оро и дефиле денес кичевските матуранти го завршија средното образование, честитки!

Кичевските матуранти, генерација 2020-2024 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Тие најпрво во...

Автомобили1 ден

Tesla ќе потроши 500 милиони долари за мрежа за полнење

Teslа ќе потроши повеќе од 500 милиони долари оваа година за да ја прошири својата мрежа на брзи полначи, изјави...

Магазин1 ден

Инфлуенсерите поднесоа тужба против забраната: „Заработуваме од TikTok“.

Осум инфлуенсери на TikTok поднесоа тужба против американскиот закон со кој ќе се забрани апликацијата освен ако не се продаде...

НАЈЧИТАНИ