Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Навивач нападна србски голман на вечерашниот меч ПСВ – Севиља во лига Европа

Објавено пред

на

Србскиот голман сигурно ќе го памети денешниот натпреварот помеѓу неговиот тим Севиља и ПСВ меѓу стативите каде во еден момент навивач влета на терен и го удри пред гол мрежата.

Дмитровиќ проба да се заштити, го совлада на земја, па лицата кои се задолжени за безбедност, иако некој мора да понесе сигурно одговорност за пропустот го изнесоа надвор напаѓачот.

Еве го моментот:

Спорт

Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите

Објавено пред

на

ФОТО: Дејан Сипковски

Во Софија Бугарија, покрај голема конкуренција на јуниорски играчи од 6 држави 🇲🇰🇧🇬🇷🇸🇲🇪🇧🇦🇺🇦 на пиедесталот во две категории се искачија 2 Македонски шампиони:

У-17 Андреј Ѓурчиновски 🇲🇰🏆
У-19 Блендијан Ќазими од Кичево 🇲🇰🏆

Огромни честитки и за финалистот во категорија У-17 Илија Димовски 🇲🇰🥈

Честитки до Македонските јуниорски натпреварувачи, нивните фамилии, нивните клубови и до сите што ги поддржуваат на нивниот веќе докажан шампионски пат!

Активностите во Македонскиот биљард покажуваат резултати, иднината на овој спорт е во сигурни раце.

Честитки и до организаторите на оваков тип на натпревари и се надеваме само овака да продолжи, покрај натпреварувања, да имаме и размена на искуства и дружења со сите наши соседи во регионот, истакна претседателот на Билиард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.

Резултати од У-17 може да најдете ТУКА

Додека за У-19 резултатите исто така се запишани ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Илиевска Божиновска ја пофали досегашната работа во Фудбалската федерација, додека администрацијата преку видео запис го истакна годишниот извештај на сработеното

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето Редовно генерално Собрание. На Редовното генерално Собрание беа присутни 58 од вкупно 60 делегати кои ги ги усвоија низа точки од дневниот ред.

– Завршна сметка за 2023;

– Извештај од независен ревизор за 2023;

– Извештај од Надзорен одбор за 2023;

– Потврдување на одлуката за суспензија на ОФС Струмица;

– Усвоен извештајот од претседателот и Управниот одбор на ФФМ;

– Извештај од администрацијата за исполнување на стратешките планови;

– Усвоен е буџетот за 2024 година;

Генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска во своето обраќање истакна дека федерацијата има одлична соработка со Општинските фудбалски Сојузи, како своја база, но и ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА.

Наталиа Илиевска Божиновскагенерален секретар на ФФМ: „Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија би сакала да истакнам дека имаме извонредна соработка со сите вас и би сакала искрено да ви честитам на досегашната работа. Да ви посакам многу среќа, сила и успех во соочувањето со новите предизвици.

Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации. Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал.

Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидуваме.

Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел – место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите. Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт.

Во продолжение видео од прифатениот Годишен извештај на администрацијата на Фудбалската федерација на Македонија согласно стратешките планови.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) „ФК Кичево“ со денешната победа ја потврди шампионската титула во регионалната лига за гененерација 2009, честитки за поголеми успеси!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се одигра и последното 14-то коло во рамките на регионалната лига „југо-запад“ за 2023/2024 год, генерација 2009 каде нашата екипа „ФК Кичево“ со победа над кичевски „ФК Напредок“ го потврди шампионското прво место во лигата и заслужено се искачи на пиедесталот.

Полна трибина со љубители на фудбалот, многу позитивна енергија, одлично прикажана игра, за уште подобар резултат. Момчињата на „ФК Кичево“ славеа со резултат од 13:0, додека стрелци на головите беа Стефан Војчески (6 голови), Андреј Петрески (2 голови), Елмедин Шерифоски (1 гол), Дарио Јосифоски (1 гол), Матео Јорданоски (1 гол), Омер Али (1 гол), Димитар Кузманоски (1 гол)

– Овој натпревар исто така имаше големо значење за едно момче во нашите редови, а тоа е Стефан Војчески, златната „седумка“ на „ФК Кичево“ кој запиша и надмина „50 голови“ во лигата, а токму педесеттиот гол го прослави на карактеристичен начин, овозможен од управата на клубот, така што во оваа прилика и од нашата редакција му посакуваме само успеси и уште многу голови!

Игор Николаевскитренер на „ФК Кичево“ : „Со убедлива победа ја затворивме оваа сезона и ни претставува голема чест што го освоивме првото место во лигата и се надеваме на поголеми успеси во наредните сезони. Ја користам оваа прилика да им честитам на сите момци, голема благодарност и до вас за неуморната соработка, што го следите буквално секој чекор на сите наши членови, нас како управа, се надевам дека така и ќе остане во иднина.“

Галерија преку нашиот објектив од денешната фудбалска сабота:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт53 минути

Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите

Во Софија Бугарија, покрај голема конкуренција на јуниорски играчи од 6 држави 🇲🇰🇧🇬🇷🇸🇲🇪🇧🇦🇺🇦 на пиедесталот во две категории се искачија...

Кичево4 часа

(ФОТО) Прва фотографија од превој „Пресека“ према Охрид, алармантно!

Предмалку пристигна нашиот тим на превој „Пресека“ према Охрид од Кичево и може да се забележи алармантна состојба. Многу проаѓачи...

Автомобили4 часа

Дали знаете за што служи рачката во автомобилот?

Над секоја врата од автомобилот, обично ќе најдете рачка, а веројатно отсекогаш сте мислеле дека нејзината цел е да се...

Lifestyle4 часа

3 зачини кои можат негативно да влијаат на телото! Често ги користите, а не знаете дека можат да бидат штетни

Солта е една од намирниците со која е важно да се внимава. Многу луѓе не размислуваат за тоа, но зачините...

Магазин4 часа

Кина се обидува да ја замени странската технологија

Кина се обидува да ги елиминира чиповите произведени во странство до 2027 година. Кинеските власти неодамна им наложија на главните...

Магазин4 часа

TikTok го лансираше својот конкурент на Instagram

TikTok постепено почна да обезбедува пристап до сопствената верзија на Instagram – апликацијата TikTok Notes. Моментално е достапен само за...

Хороскоп16 часа

Дознајте кои се најгламурозните хороскопски знаци, дали можеби и вие сте некој од нив?

Според верувањата на астролозите, овие три хороскопски знаци имаат највисоко ниво на гламур и елеганција. Да се ​​биде гламурозен не...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за недела (21 април)

ОВЕН Денес, Овенот може да добие можност за дополнителен приход, можеби преку некоја прекувремена работа или слично. Но, тоа може...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за недела (21 април)

ОВЕН Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата...

Спорт20 часа

(ВИДЕО) Илиевска Божиновска ја пофали досегашната работа во Фудбалската федерација, додека администрацијата преку видео запис го истакна годишниот извештај на сработеното

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето Редовно генерално Собрание. На Редовното генерално Собрание беа присутни 58 од вкупно...

НАЈЧИТАНИ