Спорт
Македонската женска репрезентација во фудбал ги заврши натреварите во рамките на „Turkish cup Alanya 2023“, можност добија млади фудбалерки..

Нашата женска селекција во рамките на „Turkish cup Alanya 2023″ одигра три контролни средби против Замбија, Бугарија и Естонија. Во првиот дуел против селекцијата на Замбија, нашите фудбалерки загубија со минимални 1:0. Противникот во последната минута од мечот успеа да погоди за победа.
Во второто коло, Македонија беше поразена со 2:1 од нашиот источен сосед, селекцијата на Бугарија.
Во последниот дуел од контролниот турнир во Аланија, Турција, избраничките на селекторот Кирил Изов одиграа нерешено, 1:1 против Естонија.
За најдобар играч од средниот ред на турнирот беше прогласена Наташа Андонова.
– „Задоволен сум од подготовките и настапот на моите фудбалерки на контролниот турнир во Аланија, Турција Одигравме мотивирано, квалитетно на сите три натпревари против силни противници. Од Замбија и Бугарија претрпевме два несреќни порази со голови примени во последните минути, додека со незгодната селекција на Естонија одигравме нерешено. На овие натпревари можност добија млади фудбалерки кои беа повикани на овие подготовки и максимално ја оправдаа укажаната доверба. Задоволен сум од нивниот настап, во иднина може да придонесат многу за сениорскиот тим” – истакна тренерот.
Спорт
Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.
Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.
Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.
– Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи, изјави капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски.
Спорт
(ВИДЕО) Најмладите најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди од македонската фудбалска репрезентација со најискрени насмевки

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини сподели видео каде дечињата ги пречекуваат фудбалерите на македонската репрезентација, каде истакна:
„Многу детски насмевки, позитивна енргија, на тренингот на нашите златни момци. Идолите на младите генерации го почнуваат походот кон ново големо историско остварување, и ново Европско Првенство, а најмладите, најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди, кои кај нив ги предизвикуваат најискрените насмевки.“
Спорт
Македонија до 21 година ги започнува подготовките за „Анталија Куп 2023“

Младата репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Анталија и денеска ќе ги започне подготовките за претстојните три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23.март), Финска (25. март) и Словачка (28.март).
Нашата млада селекција максимално ќе го искористи овој подготвителен период, со цел што подобро да се подготви за почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 година.
Еден од најдобрите поединци на штипска Брегалница и стандарден член на младата репрезенетација на Македонија, Иван Николов даде свое видување за претстојните натпревари што не очекуваат и квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025.
– Контролните мечеви во Анталија се одлична можност за што подобро да се подготвиме за предизвикот што не очекува во септември, односно почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство. Што се однесува до самата група од квалификациите, јасно е дека во денешно време нема лесно противници, но оваа наша група на фудбалери поседува голем квалитет и заедништво, имаме големи очекувања, сакаме да оствариме нешто големо и да избориме пласман на Европско првенство. Имаме серија на потивни резултати на последните натпревари, што ни дава дополнителен мотив дека можеме да одиграме добри квалификации.
-Идеме чекор по чекор, не очекува уште многу работа до почетокот на квалификациите, моментално е најбитно овој подготвителен период во Анталија да го искористиме на најдобар можен начин, да ја унапредиме нашата игра за да можеме максимално подготвени да го дочекаме почетокот на квалификациите.
–Првиот меч во Анталија го играме против Летонија, селекција со високи и снажни фудбалери која игра доста тврд фудбал. Ние сме поквалитетна селекција од нив, но тоа ќе мора да го покажеме на терен. Се надевам дека ќе продолжиме со одличната игра и позитивната серија на резултати.
–Атмосферата во самиот тим е одлична, се познаваме меѓусебно многу добро, со оглед на тоа што поголемиот дел од фудбалерите бевме дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години
–Убеден сум дека со голема пожртвуваност, борба и желба за надигрување можеме да оствариме добри резултати.
-
Кичево15 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за среда (22 март)
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Македонија2 дена
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза1 ден
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!