Следете не

Спорт

Во последното коло судиите во првата односно втората македонска фудбалска лига без грешка ја завршиле судиската работа

Објавено пред

на

Архива ©porta.mk

Судиска комисија при ФФМ ги разгледа спорните моменти од 19 коло на ПМФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФK Шкупи – ФK Шкендија, одигран на 19.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 35 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

35 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА и ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА

(Недосуден слободен удар)

Играч од екипата на домаќините додаде топка странично од голот на гостите блиску до аут линијата, соиграчот коректно и без да направи движење за слободен удар се загради од противничкиот одбранбен играч на гостите, ја центрираше топката и друг соиграч постигна гол. Исправна одлука и добра соработка на главниот судија со вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки градењето на играчот од екипата на домакините беше регуларно и коректно.

На натпреварот ФК Брегалница- ФК Скопје, одигран на 19.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 27 минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Душко Панов и Тоше Ицев.

27 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч на екипата на домаЌините ја имаше во свој посед топката во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите со лизгачки старт чисто ја изби топката без контакт над играчот на домакините и истиот падна. Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки стартот на играчот од одбраната на гостите беше исправен и на топка.

На натпреварот ФК Победа – ФК Работнички одигран на 19.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 88 минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски.

88 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката, на осумнаесет метри централно од голот на домаќините и се наоѓаше во очигледна шанса за гол (сам пред голман), предпоследниот играч од одбраната на домаќините направи старт на ногата на играчот од гостите и направи прекршок, спречувајки го играчот во очигледната шанса. Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домашната екипа за недозволен старт и спречување очигледна шанса за гол.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска комисија ги разгледа и спорните моменти од 16 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе

следните заклучоци:

На натпреварот ФК Вардар – ФК Арсими одигран на 18.02.2023 година анализирани се

ситуациите од 22, 23 и 29 минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошен судија: Кристија Џонов и Ристе Ѓорѓиев.

22 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од единаесет метри).

Играч на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините и странично блиску до корнер линијата, играчот од одбраната на домаќините направи минимален контакт и без интензитет над напаѓачот на гостите, при што истиот падна и топката излезе надвор од теренот за игра. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.

23 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од единаесет метри).

Играч на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините, истиот играч падна без контакт од противнички играч сакајки да изнуди удар од единаесет метри.

Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар против играчот на гостите за неспортски однос (симулација за удар од единаесет метри).

29 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од единаесет метри). Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на гостите, во моментот соиграчот кога ја примаше топката, беше влечен со раце од позади грб од играч на екипата на гостите и спречен да игра со топката. Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од единаесет метри за екипата на домакините за недозволен старт (влечење) и доделен жолт картон.

На натпреварот ФК Слога Виница – ФК Борец одигран на 18.02.2023 година анализирана е ситуацијата од 48 минута.

Главен судија: Марјан Младеновски. Помошен судија: Филип Ицковски и Филип Николов.

48 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

На средината на теренот, по топката тргнаа два противнички играчи, играчот од гостите сакајки да ја удри топката со глава, беше фаулиран на груб начин со високо подигната нога (отворен ѓон) во пределот на главата (вратот) од играч на екипата на домакините. Исправна одлука на главниот судија, досуден е слободен удар за екипата на гостите и доделен. ЦРВЕН картон за играчот на домаќините поради груб старт (удар со високо подигната нога – отворен ѓон) во пределот на главата (вратот).

На натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево одигран на 18.02.2023 година анализирана е ситуацијата од 45+3 минута.

Главен судија: Фуркан Идризи. Помошен судија: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески.

45+3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите додаде долга топка кон соиграч на дваесет и пет метри од голот, соиграчот пред да ја прими топката во свој посед и да излезе сам пред голманот во очигледна шанса за гол, беше повлечен за рака/рамо од предпоследниот играч на екипата на домакините и спречен да продолжи да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домакините, за спречување очигледна шанса за гол.

На останатите натпревари од  ВМФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.

По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.

1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1

Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.

Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ

1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.

Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!

Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.

🏆 Рибник-Добреноец

🥈 Роденденски Пињати-Кичево

🥉 Клас МК Брод

Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).

Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.

Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.

Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.

Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.

Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.

Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.

Честито Ноле!

Прочитај повеќе...

Спорт

За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување.

Турнирот пред присутните свечено го отвори претседателот на ЗРР “Иванден-Староец”, г-дин Владо Симјановски кој посака топло добредојде на сите жители, гости, спортисти и пријатели.

Со особена чест и голема радост ве поздравувам и ви посакувам топло добредојде на денешниот настан – традиционалниот турнир во мал фудбал, организиран по повод големиот празник – раѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден.

Овој ден има особено значење за нашето село и нашата заедница. Иванден не е само религиозен празник, туку симбол на духовна обнова, заедништво, традиција. Токму затоа, овој турнир не е само спортски настан, туку и начин да се собереме, да се поврземе и да го одбележиме празникот со младешка енергија, фер игра и дружење.

Голема благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и спонзори кои го направија овој турнир можен. Ви посакувам фер и борбена игра, исполнета со спортски дух, пријателство и почит. А на гледачите – да уживаат во добар фудбал и празничната атмосфера.

Нека Иванден ни донесе здравје, мир, благосостојба и уште многу вакви заеднички собири во иднина.

Нека ни е честит празникот и нека биде успешен турнирот, заврши Симјановски, така што пред турнирот да биде официјално отворен, беше оддадено едноминутно молчење, во знак на почит за прерано починатото момче, во трагична сообраќајка – Димитар Трајчевски кој влече корени од селото.

Ова се денешните резултати:

  • Пунџа Слобода – Клас Македоски Брод резултат 1:2
  • Мајстори 1 – Рибник Добреноец резултат 1:3
  • Кај Кумот-Кафе Фрст Македонски Брод резултат 6:2
  • Напредок-Роденденски Пињати резултат 0:3

Утре (понеделник) фудбалскиот турнир влегува во својата финална завршница, каде со старт од 16:00ч присутните ќе можат да уживаат во прекрасната природа, вкусна храна и ладен пијалок.

Распоред на натпревари:

1.Староец-Рибник Добреноец (прв меч)

За полуфинална борба:

1.Клас Македонски Брод
2.Рибник Добреноец
3.Кај Кумот
4.Роденденски Пињати
5.Староец

Спортски поздрав, се гледаме таму!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за петок (11 јули)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија6 часа

ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се...

Скопје7 часа

Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници...

Македонија11 часа

(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази...

Магазин13 часа

Овој скриен режим го забавува вашиот Android телефон – еве како да го исклучите и повторно да добиете брзина

Ако вашиот телефон стана бавен преку ноќ – апликациите се отвораат бавно, скролувањето „шкрипи“, а екранот реагира со доцнење –...

Магазин13 часа

YouTube најавува построги мерки против видеа генерирани со помош на вештачка интелигенција

YouTube се подготвува да ги ажурира своите правила за да ја ограничи можноста на креаторите да монетизираат „неавтентична“ содржина –...

Кичево15 часа

Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и...

Македонија15 часа

ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден

Овој извештај покажува дека на 9 јули 2025 година (среда), системот за итни повици E-112 забележал 4199 повици, што е...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (10 јули)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

Временска прогноза1 ден

Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз...

НАЈЧИТАНИ