Кичево
(ВИДЕО) Девојче од Кичево нападнато од кучиња скитници кај Градскиот Пазар, надзорните камери го снимија страшниот момент…
Локалната кичевска телевизија „Ускана“ објави застрашувачко видео, кое според снимката доаѓа од локал позициониран во близина на градскиот пазар. Имено на видеото се гледа како три кучиња скитници напаѓаат дете, за среќа овој пат според она што може да се види од прилогот, девојчето зачудувачки успева да не биде со рането.
Уште еднаш си го поставуаме прашањето, што ли треба да се случи повеќе за да се реши деценискиот проблем со бездомните кучиња?
Доколку не се вчитува видеото, погледнете го ТУКА
Инаку што се однесува до пријавите кои редовно ни стигнуваат од СВР Охрид, листата на нападнати лица е 8 од почеток на месец мај до денес, односно:
На 02.05.2023 во 14.40 часот во Полициската станица Кичево, С.Б.(71) од Кичево пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 03.05.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Кичево, В.С.(53) од Кичево пријавил дека на пешачка патека на кејот во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 05.05.2023, А.Ф.(65) од Кичево во полициска станица пријави дека во кичевското село Осој, бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Ц.С.Н.(36) од Кичево пријави дека на улицата „Маршал Тито“, била касната од куче скитник.
На 07.05.2023 во 17.30 часот, С.П.(19) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево била касната од куче скитник. Истиот ден, 17-годишна малолетничка од Кичево пријавила дека на улицата „1 Мај“ во Кичево била касната од куче скитник.
На 08.05.2023 во 09.45 часот, Е.Х.(33) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, В.И.(52) од Кичево пријавила дека на улицата „11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник.
Кичево
Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30 часот, во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи третото издание на најгласниот градски настан, фестивалот кој ја пренесува најдобрата рок енергија.
На сцената ќе настапат некои од најдобрите локални и регионални бендови:
⚡ Phoenix
⚡ Addicted
⚡ Future Band
⚡ Sound Division
⚡ Plum
⚡ Hush
Секој од нив ќе ја крене енергијата до максимум и ќе го потсети публиката зошто рокот никогаш не излегува од мода.
Настанот има и хуманитарен карактер, имено сите собрани средства ќе бидат наменети за континуирано реновирање на просториите на „Енигма“, култното место каде што се создава и негува автентичниот кичевски рок звук.
Влез: 200 денари
📍 Локација: Дом на култура „Кочо Рацин“ – Кичево
Датум: 15 ноември, 19:30 часот
Бидете дел и заеднички да ја почувствуваме моќта на локалната рок сцена и да бидете дел од нешто што расте од година во година, потврдете го вашето присуство преку фејсбук настанот ТУКА
Кичево
Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен двор, сопственост на Н.Р. од Кичево.
Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од сопственикот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
-
Кичево2 денаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт1 денКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (9 ноември)
-
Кичево8 часаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп4 часаХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Здравје и убавина8 часаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
