Спорт
Фудбалерите на кичевски „ФК Напредок“ за чест и со срце кон најстариот клуб нижат победи во третата македонска фудбалска лига-запад

Еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија веќе подолг период мака мачи со спонзорствата, котизации и останатите потребни работи за нормално функционирање во спортот. Пред 8 месеци група граѓани самоиницијативно повикаа за спас на овој клуб кој се натпреварува во третата македонска фудбалска лига-запад со плаќање на котизација за полу сезона во износ од 75,000 денари и се успеа во тоа!
Што се однесува до клубот, во три последователни меча овие златни момчиња кои играат со срце и чест успеваат да триумфираат на домашен и гостински терен, додека денешниот меч беше доста споменуван во јавноста бидејќи пожртвуваноста до последен атом резултираше со пресврт против екипата на ФК Љуботен од Тетово (2:1) (2:3) со головите на Виктор Пејовски, Душко Симјаноски и Никола Аврамовиќ, така што од со свој натпис уште еднаш ги потсетуваат сите институции и спортски ентузијасти да помогнат да не згасне во овој перспективен тим, бидејќи истите го заслужуваат тоа, резултатите се видливи и воочливи!
Ајде НАШИ!
НАПРЕД НАПРЕДОК, Гордост Кичевска!
Спорт
Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.
Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.
– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.
Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com
Спорт
Рома најблиску до Санчо, крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“

Џејдон Санчо, крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во Рома. Италијанскиот клуб започна конкретна офанзива за неговиот потпис, откако пропаднаа разговорите што англискиот репрезентативец ги водеше со Јувентус и Наполи. Според таборот и јавноста, како опција беше и враќање во Борусија Дортмунд, но понудата од Германците не беше доволно конкретна.
Сега Рома е најблиску до ангажманот на Санчо. Манчестер Јунајтед е подготвен да го испрати на позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето. Англискиот клуб бара 20 милиони фунти (околу 23 милиони евра), сума што Рома би ја платила по завршувањето на сезоната, заедно со преземање на поголемиот дел од неговата плата.
Новото тренерско име на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, верува дека може да го врати Санчо на вистинскиот пат и да го извлече неговиот потенцијал, кој досега ретко доаѓал до израз.
Покрај Санчо, Рома работи и на трансферот на Леон Бејли од Астон Вила – уште едно крило кое би ја зголемило конкуренцијата во офанзивниот дел на тимот. За потсетување, ова лето клубот веќе го засили и младиот напаѓач Еван Фергусон, кој пристигна на позајмица од Брајтон, пренесува sportske.net
Спорт
Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за 18-годишниот Џовани Леони. Играчот доби дозвола да отпатува во Ливерпул во четврток, каде што ќе ги договори личните услови и ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.
Планот е Леони веднаш да се приклучи на првиот тим, без намера за негова позајмица – барем засега, според првичните информации. Ливерпул активно бара нов централен дефанзивец, со оглед на тоа што Ибрахима Конате влегува во последната година од својот договор.
Леони се приклучи на Парма минатото лето, кога пристигна од Сампдорија за 4,8 милиони евра. Во Серија А има 17 настапи и еден постигнат гол за Парма.
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (17 август)
-
Временска прогноза2 дена
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија
-
Македонија2 дена
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Скопје2 дена
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје
-
Скопје23 часа
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Македонија17 часа
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа
-
Временска прогноза3 часа
Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови