Кичево
(ФОТО) „Атва Маркети“ во Кичево отвори нова пекара со највкусниот асортиман на бели пецива

Почитувани Потрошувачи, повелете и посетете ја новата пекара во АТВА МАРКЕТ 10 на ул. 11 Септември бр 76 каде ве очекуваат голем асортиман на бели пецива за сечиј вкус.
Посетете ја уште веднаш!
АТВА Маркети, дел од вашиот живот!
Погледнете ТУКА како изгледа
Кичево
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден

Кичевските матуранти, генерација 2021-2025 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Дождот не беше пречка за нивно славје. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.
п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!
– Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!
Кратко видео од прославата пред гимназијата Мирко Милески – ТУКА
Со среќа!
Кичево
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата

Денес пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи третиот протест за настанатата дива депонија која тлее доста време и ги труе кичевчани. Организаторите и кичевчани уште еднаш ќе пробаат да извршат притисок врз надлежните институции веднаш да се зафатат со решавање на нашиот долгогодишен проблем, депонијата, која се наоѓа во градското подрачје, кај стар Керамички Комбинат.
Преку социјалните мрежи го повикуваат градоначалникот и советниците на Општина Кичево, да излезат на овој протест и да соопштат што превземале или што ќе превземат за решавање на овој проблем.
Во меѓуредови упатуваат порака дека протестот не е партиски, не е национален ниту религиски, туку граѓански протест и дека се строго забранети партиски обележја.
– Протестот според изворот е закажан за денес од 18:00 часот, пред новата зграда на Општина Кичево.
Фејсбук настан – ТУКА
Кичево
Културна и вселенска магија во Кичево – Финале од проектот „Interstellar Expressions“

По успешно реализирани три креативни работилници, следува финалниот настан, кој ќе биде круна на целиот процес. Делата на сите учесници ќе бидат изложени во посебна галактичка атмосфера, придружена со театар, дискусии и астрономија. Следува иницијатива која преку уметност и наука ја обединува младината од различни културни и етнички заедници во Кичево.
International Space Alliance (ISA), во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, успешно го реализира проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”
🗓 Агенда – 22 Мај (Среда)
📍 Национална Установа Центар за Култура „Кочо Рацин”
17:00 – 18:30 ч. (Платото на НУЦК „Кочо Рацин”)
🚀 Работилница за ракети од пластични шишиња со вода
Водена од Гитика Горти, основач и извршен директор на IgnitedThinkers
🎫 Пријави се на работилницата за ракети бесплатно – ТУКА
🌍 + Можност за испраќање разгледници во вселената преку Club for the Future на Blue Origin!
18:30 – 19:00 ч. (Голема Сала на НУЦК „Кочо Рацин” )
🗣 Дискусија: „Детските права и Вселената”
со Александар Ташковски, експерт по меѓународно право и прв македонски застапник во меѓународното вселенско право
19:00 – 19:30 ч.
🎓 Инспиративна дискусија: „Истражување надвор од Космосот како студент”
со Гитика Горти, основач и извршен директор на IgnitedThinkers
19:30 – 20:00 ч. (Голема Сала на НУЦК „Кочо Рацин”)
🎭 Театарска претстава: „Небесни Завеси”
20:15 ч. (Фоајето на НУЦК „Кочо Рацин”)
🍸 Коктел прием и голема изложба од сите дела креирани од работилниците во фоајето
Изложбата ги прикажува уникатните дела создадени од младите учесници низ сите работилници – спој на уметност, култура и вселенска инспирација.
🔭 Очекуваме присуство и на делегацијата од ОБСЕ – Скопје, како и претставници од Peace Corps.
👨👩👧👦 Сите деца се добредојдени на работилниците и на настанот – во придружба со родител или старател.
/ПР
-
Кичево10 часа
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (16 мај)
-
Кичево1 ден
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) МВР со апел за матурантите, на матурска прослава без автомобил!
-
Македонија1 ден
Дизелот од ноќеска поскапува, ова е новата цена
-
Скопје1 ден
МВР со детали во врска со информацијата за поставена бомба во салата Јане Сандански
-
Временска прогноза12 часа
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации
-
Скопје5 часа
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем