Занимливости
(ФОТО) Единственото делумно затемнување на месечината за оваа година видливо од Македонија

Занимливости
Кога возите, немојте да пиете алкохол, Британска организација ја студирала способноста за возење и издаде препораки колку треба да чекате по пиењето..

Во Велика Британија, меѓу пет и 11 часот наутро, четвртина од возачите биле казнети за возење во пијана состојба (каде што законската граница е 0,8 промили). Што ни кажува тоа? По една ноќ на пиење, алкохолот се задржува во телото и возачите се уште не се подготвени да седнат зад воланот на автомобилот.
Затоа, бидете внимателни со алкохолот, а особено со проценката кога можете да возите. Како алкохолот ќе влијае на вас? Како алкохолот ќе влијае на вас? Тоа зависи од полот, возраста, метаболизмот, тежината на консументот, видот на алкохолот, што сте јаделе пред да пиете, нивото на стрес на кое сте изложени…
Британската организација за безбедност на патиштата „Road Respect“ го анализирала консумирањето алкохол и способноста за возење и издаде препораки за тоа колку треба да чекате по пиењето, односно колку долго се задржува алкохолот во организмот.
Обидете се да ги следите овие упатства.
Чаша вино (13,5 проценти алкохол)
Еден пијалок – 3,5 часа
Две пијалоци – 7 часа
Три пијалоци – 10,5 часа
Четири пијалоци – 14 часот
Пет пијалоци – 17,5 часа
Чаша алкохол (40 проценти алкохол)
Еден пијалок – 1,5 часа
Два пијалаци – 3 часа
Три пијалоци – 4,5 часа
Четири пијалоци – 6 часа
Пет пијалоци – 7,5 часа
Пиво, лагер (5 проценти алкохол)
Еден пијалок – 2,5 часа
Два пијалаци – 5 часа
Три пијалоци – 7,5 часа
Четири пијалоци – 10 часа
Пет пијалоци – 12,5 часа
Извор: kurir.rs
Занимливости
Неколку намирници кои ќе ви помогнат за квалитетен сон и одмор

Премалку или премногу спиење е поврзано со зголемен ризик од депресија, дијабетес, срцеви болести, па дури и смрт. Но, спиењето барем 7 часа секоја ноќ, не е секогаш лесна цел. Среќа постојат различни пијалоци кои поттикнуваат спиење. Во прилог неколку намирници кои ќе ви помогнат во тоа
Сок од вишни
Вишните се многу здрави, покрај останатото и позитивно влијаат на квалитетот на сонот. Се верува дека тоа му го должат на триптофанот кој се наоѓа во ова овошје. Една студија покажала дека пиење на две чаши (480мл) сок од вишна секој ден за време од две недели, го зголемува вкупното време за спиење на плус 84 минути и помага во лечење на симптомите од несоница кај возрасните личности постари од 50 години.
Чај од камилица
Чајот од оваа билка се конзумира со векови. Има повеќе здравствени бенефити, вклучувајќи ублажување на симптомите за настинка, намалување на воспаленија и подобрување на здравјето на кожата. Некои истражување сугерираат дека камилицата може да го подобри и квалитетот на сонот. Едно истражување направено помеѓу 60 повозрасни личности, открило дека конзумирање 400 милиграми екстракт од камилица, 28 дена по ред, го подобрува квалитетот на сонот.
Друго истражување, спроведено помеѓу 80 жени кои имале намален квалитет на сонот, до шло до резултат дека телесните симптоми за недостаток на сонот, значително се подобриле откако учесниците во истражувањето пиеле секој ден пиеле чај од камилица.
Чај од ашваганда прав
Ашваганда има репутација на моќна лековита билка. Понекогаш го викаат и индиски џинсенг или змиска вишна. Екстрактот направен од корени, бобинки и листови од билки, се употребува за лечење на стрес, тегоби и артритис. Ашваганда традиционално се користи во ајурведски пракси. Коренот содржи споеви за кои се верува дека го потикнуваат сонот.
Едно истражување на глувци утврдило дека е триетилен гликон, активна компонента на листови од ашваганда, која ја потикнува N-REM фазата на сонот во која телото регенерира ткиво и коски. Во истражувањето на луѓе покажало дека оваа билка му помага на телото да се припреми за одмор, како и да го подобри квалитетот на сонот.
Иако овој чај е сигурен за повеќето луѓе, некои би требало да бидат внимателни. Тоа ги вклучува личностите со автоимуни пореметувања, бремени жени или доилки, дури и личности кои земаат лекови за крвен притисок, шеќер во крвта или болест на тироидната жлезда.
Чај од нане
Нането веќе со години се користи во традиционалната медицина. Се смета дека има антивирусни, антимикробни, па дури и антиалергенски својства. Нането исто така може да помогне кај гастроинтестиналните состојби како лошиот дигестивен тракт и синдром на иритабилно црево.
Иако се покажа дека помага за ублажување на вознемирениот желудник во вечерните саати, потребно е повеќе клинички испитувања за да се утврди на кој нацин директно влијае на сонот. Чајот од нане е сигурен, но доколку зимате било каков лек, консултирајте не со доктор пред конзумирање.
Топло млеко
Можеби звучи како бајка, но многумина препорачуваат топло млеко за полесен сон. Всушност, млекото содржи триптофан кој природно го зголемува серотонинот кој е познат како хормон на среќата. Едноставно кажано, триптофан го зголемува продуцирањето на серотонин, што го зголемува продуцирањето на мелатонин. Мелатонин може да го подобри сонот и помогне во борбата против различни пореметувања со спиењето, пореметување во спиењето поради работа во смени и несоница. Повеќето испитувања отркија дека топлото млеко може да го подобри квалитетот на сонот, но потребни се понатамошни студии за да се потврди ова тврдење.
Освен ако не сте нетолерантни на лактоза или имате алергија на млеко, нема штета од тоа да пиењето чаша млеко ви стане ритуал пред спиење.
Златно млеко
Златно млеко е спој од млеко и куркума. Со оглед на тоа млекото што содржи триптофан, може да зголеми продуцирање на мелатонин кој е примарен хормон кој го регулира циклусот на спиење. Куркумата е богата со куркумина која може да ублажи некои причинители за лош сон, намали воспаленија и лечи симптоми на анксиозност и депресија.
За да направите златно млеко, комбинирајте пола чаша млеко, една лажичка куркума, едно мало парче ѓумбир и една лажичка мед. Загрејте ја мешавината и оставете да стои три до пет минути.
Секоја состојка на златното млеко се смета за сигурна. Сепак, поединци кои земаат одредени лекови, вклучувајќи ги оние за разредување на крвта и намалување на желудочните киселини или лечење на дијабетес, требаат да бидат внимателни со куркумата и ѓумбирот.
Бадемово млеко
Бадемите се јаткасти плодови полни со влакна, витамини и минерали, а бадемовото млеко е кремаста, јаткаста алтернатива на кравјото млеко. Бадемовото млеко содржи многу минерали кои потикнуваат спиење, вклучувајќи триптофан, мелатонин и магнезиум. Последните години магнезиумот се покажал корисен за лечење несоница, посебно кај старите личности. Со оглед на тоа дека бадемовото млеко се прави од цели бадеми, луѓето со алергии на јаткасти плодови, треба да го избегнуваат бадемовото млеко.
Смути од банана и бадем
Бананите се уште една намирница со висока содржина на магнезиум, триптофан и мелатонин. Тие исто така имаат висока концентрација на калиум, а калиум и магнезиум се два минерали кои ги опуштаат мускулите. Комбинирајќи банана и бадемово млеко во смути, можете да направите триптофанска и мелатонинска „бомба“ која би може да ви помогне во намалување на симптомите за несоница.
Доколку имате алергија на банани или бадеми, смути како ова е здрав и вкусен начин да го завршите денот.
Извор: HealthLine
Занимливости
Супериорниот мотоцикл „MV Agusta 9.5“ подготвен за премиера во Милано

MV Agusta Lucky Explorer 9.5 стана еден од најочекуваните авантуристички мотоцикли во последниве години, а неговото целосно откривање е објавено за претстојниот саем на EICMA во Милано.
Очекувањата околу Lucky Explorer 9.5 произлегуваат од фактот дека MV Agusta не е првиот бренд што најмногу би го поврзале со авантуристички мотоцикли, или воопшто со теренски мотори.
Се разбира, инспирацијата за моделот доаѓа од претходната инкарнација на она што сега е MV, имено Cagiva, која се натпреваруваше на релито Дакар со својот Elefant 900. Во 1990 година, Еди Ориоли ја освои победата на престижниот настан.
Сепак, откривањето на саемот EICMA можеби е тука за да го најави преименувањето на претстојниот авантуристички мотоцикли. „9.5“ ќе остане, но MV Agusta не го спомна „Lucky Explorer“ во своето соопштение за медиумите кое го потврди појавувањето на моторот на салонот во Милано. Наместо тоа, се споменува само „Проект 9.5“, што укажува дека на пат би можело да дојде до промена на името.
MV, исто така, ќе прикаже голем број други модели на саемот, иако тие не се поединечно идентификувани, а претстојното издание на најважниот настан во индустријата ќе биде значајно бидејќи тоа ќе биде прво појавување на италијанскиот бренд на саемот откако беше купен од Групата за мобилност Пиерер.
Еве што изјави Тимур Сардаров, извршен директор на компанијата:
– „Благодарение на соработката со Pierer Mobility AG, најголемиот европски производител на мотоцикли, како нов партнер во нашиот потфат, ги зајакнавме и ги проширивме нашите оперативни способности. Патот пред нас е највозбудливиот за кој можевме да сонуваме. MV Agusta неговите иконски модели произведени во Италија, ќе продолжат да го привлекуваат неподеленото внимание на јавноста и критичарите“.
Извор: Moto-berza.com
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (5 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (4 декември)
-
Хроника2 дена
ТРАГЕДИЈА: Пронајдено безживотното тело на малата Вања, МВР истакна извештај
-
Временска прогноза1 ден
Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на горивата се намалува
-
Магазин1 ден
Еве кои телефони добиваат Android 14: Проверете дали вашиот е на списокот
-
Автомобили7 часа
Кои десет работи не треба да ги чувате во автомобилот во зима
-
Спорт1 ден
UEFA ја одби жалбата на Партизан, сепак ќе игра без публика поради однесувањето на публиката на мечот против Нордсјеланд