Спорт
(ФОТО) ФФМ во Кичево одржа семинар за фудбалски судии и контролори пред продолжението на сезона во Првата и Втора МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 7 до 11 февруари во Кичево организираше заеднички семинар за фудбалски судии и судиски контролори пред самиот старт на втората полусезона од натпреварувачката 2023 – 2024 сезона.
Во првиот дел од семинарот се одржа предавање за контролорите од најновите материјали од УЕФА, како и давање насоки за новата сезона. Во наредните денови се работеше со главните и асистетнти судии, односно со мерење на висина и масно ткиво на судиите, предавања од најновите презентации со видео клипови од УЕФА, полагање на видео тест за судиите и на крај полагање на физичките норми. На семинарот се одржа и полагање на одредени судии, кои ги исполнуваат условите за стекнување со Републичка и Прва Категорија.
Стручно – едукативниот дел од семинарот започна со предавање околу измените и дополнувањата на правилата за фудбалската игра од страна на Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија. Предавањето беше спроведено од страна на Марјан Ристески, Емил Божиновски и Марјан Кировски.
Димитар Мечкаровски, претседател на судиската комисија при ФФМ
– Ние како судиската организација сме задоволни од физичката подготвеност на асистентите судии, додека не сме задовлони од физичката подготвеност на одредени судии кои произлегуваат од главната листа. Во иднина ќе треба судиите да си постават пред себе која е нивната цел и нивниот приоритет во натамошната кариера.
– Имаме големи очекувања за судиите во вториот дел од сезонава, грешките треба да се сведат на минимум, судиите да влегуваат максимално подготвени и концентрирани во натпреварите, бидејки сите нас не очекуваат многу тешки мечеви и неизвесни завршници на првенствата во Прва и Втора МФЛ.
– Судиите оваа зима, имаа одлични временски услови за физички да се подготват на највисоко можно ниво. За време на семинарот временските услови беа повеке од идеални и на судиите беше да го покажат тоа што го сработиле во текот на подготовките. Ние како судиска организација секогаш работиме според правилата и начинот на работа во тесна координација со УЕФА и другите европски организации. Како што напоменав, судиите ги добиваат најновите информации и промени околу критериумите во судењето. Исто така, за да можат да работат, добиваат и посебна програма за физичката подготовка од фитнес тренерот Сашо Даневски, кој за нив е достапен како и сите ние во секој момент, и воедно е еден од главните фитнес тренери на УЕФА. Така, судиите ги имаат сите услови од страна на фудбалската федерација, со што им преостанува само правилно да работат, да напредуваат и да се надградуваат.
– Судиската организација во изминатите две години со огромна поддршка од Претседателот на фудбалската федерација и Управниот одбор, успеа да ги донесе едни од најглавните личности што се дел од судиската организација на УЕФА (Бјорн Куиперс, Вернер Хелсен, Дагмар Дамкова и Педро Галан) кои беа ментори- предавачи, со цел нашите судии да се унапредат, да добијат уште поголем мотив да вложуваат во себе и секогаш да се стремат да бидат на врвно ниво.
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот