Следете не

Кичево

(ФОТО) Кеди Дизајн АНН Енерџи трет пат по ред го освои турнирот во с.Вранештица, сите честитки за шампионската екипа!

Објавено пред

на

Заврши и овогодинешниот турнир во мал фудбал во с.Вранештица, каде најдобра беше екипата на Кеди Дизајн АНН Енерџи која го совлада финалистот „Гранд Истанбул“. Во ферплеј со одличните судии кои докажаа голем потенцијал и за Европски натпреварувања екипата на Кеди Дизајн по трет пат се искачува високо на пиедесталот и го крунисаа своето прво место на овој турнир.

Организацијата од с.Вранештица упатува благодарност до сите гости, како и до спонзорите кои и оваа година беа дел од турнирот, Радио Акорд, Бурекџилница Сонце и останатите спонзори, до година велат за уште подобра организација.

Во продолжение прегледајте ја галеријата низ објективот на Дарко Цветански:

Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com | Erik Mclean

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата.

По преземени мерки, тој е пронајден и приведен во полициска станица, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот

Објавено пред

на

©porta.mk

На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед  со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство

Објавено пред

на

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.

Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.

– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за петок (28 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија11 часа

Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle12 часа

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за...

Кичево14 часа

ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија17 часа

АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента

Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово...

На денешен ден17 часа

Времеплов: На денешен ден – 27 ноември

На денешен ден 27 ноември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Временска прогноза1 ден

Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (27 ноември)

ОВЕН Не се потпирајте премногу на другите луѓе и на она што го слушате што не е потврдено. Ако одлучите...

Македонија1 ден

„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање

По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без...

Фото: Jakob Owens @ unsplash Фото: Jakob Owens @ unsplash
Магазин2 дена

Google Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност

Google Photos воведува шест нови функции базирани на вештачка интелигенција, со што значително ги проширува можностите за уредување, пребарување и...

НАЈЧИТАНИ