Следете не

Кичево

(ФОТО) Локализиран шумскиот пожар над с.Туин кичевско, ова се деталите

Објавено пред

на

Предмалку нашата екипа беше на терен каде беше избувнат шумски пожар во атарот над с.Туин кичевско, во непосредна близина и на с.Поповјани.

– Побаравме подетални информации од ТППЕ Кичево кои го потврдија случајот, така што ни изјавија дека пожарот е локализиран на непристапен терен, додека во текот на утрешниот ден на терен ќе излезат од „Лопушник” – Кичево.

Исто така за Порта.мк истакнаа дека нема место за паника, локализираниот пожар не е во близина на куќи и објекти и не претставува поголема опасност.

Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден.

Кичево

(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани

Објавено пред

на

ФОТО: Општина Кичево

Веднаш по доаѓањето на новата локална самоуправа во Општина Кичево се отпочна со значителни чекори напред со нова енергија, нова визија и со цврста решеност да се работи заеднички без поделби, без разлики, со една единствена цел, подобар и подостоинствен живот за секој сограѓанин. Се исполнуваат дадените ветувања, а првиот доказ за тоа е започнатата реконструкција на ул. „Тренко Тасески“ во би рекле длавобко заборавената населба „Иванидол“, на должина од околу 800 метри. Инаку да потсетиме оваа населба беше застапена и во предизборните проекти на градоначалникот кој ја доби најголемата доверба од кичевчани.

Со нови тротоари, современи дренажни канали и целосно асфалтирање, оваа улица ќе добие модерен и функционален лик што одговара на стандардите на модерното урбано живеење. Подобрената безбедност, поквалитетната проодност и полесното секојдневно функционирање ќе бидат директен бенефит за сите жители од овој дел на градот.

ул „Тренко Тасески“ нас, „Иванидол“

ул „Тренко Тасески“ нас, „Иванидол“

– Со заедничка сила, со взаемна доверба и со постојана мотивација можеме многу. И ќе успееме. Кичево ќе биде пример за развој, за единство и за искрено работење во интерес на народот, ова е само почеток, стоиме зад  проектите што ги ветивме и истите ќе се реализираат, чекор по чекор, со транспарентност и посветеност. Заедно ќе го градиме Кичево, Кичево кое обединува, Кичево во кое секој граѓанин има место и перспектива – за Порта.мк истакнаа од кабинетот на новиот градоначалник Д-р Александар Јовановски во текот на вчерашниот ден.

За сите новости и проекти кои следуваат, може да се најдат на официјалниот веб сајт од Општина Кичево – ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ David Stroia

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 18.11 и 20.11 – вторник и четврток, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места и села од град Кичево:

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина

Објавено пред

на

©porta.mk

На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија30 минути

Падот на „Cloudflare“ кој предизвика тотален интернет хаос, се соочил со проблем т.н. „внатрешна деградација на услугата“, претходно паднаа „Азур & Амазон“

Глобалниот провајдер на интернет-инфраструктура „Cloudflare“ денес се соочи со сериозен прекин кој траеше околу три часа, оставајќи милиони веб-страници и...

Технологија5 часа

„Cloudflare“ се соочува со проблеми, голем дел од интернет сајтовите привремено станаа недостапни поради техничка неисправност

Корисниците кои се обидоа да пристапат до платформи како X (поранешен Twitter) или до сајтот за филмски критики Letterboxd беа...

Фото: Scott Webb @ unsplash Фото: Scott Webb @ unsplash
Lifestyle7 часа

Како да го спречите замаглувањето на прозорците со средство што веќе го имате дома

Кондензацијата на прозорците е еден од најчестите зимски проблеми во домаќинствата. Секое утро истиот призор — капки вода по стаклото,...

Фото: Michael Heuser @ unsplash Фото: Michael Heuser @ unsplash
Автомобили7 часа

Подгответе го вашиот автомобил за зима: Пет клучни чекори за безбедно возење во студените месеци

Со доаѓањето на постудените месеци, важно е вашиот автомобил да биде технички подготвен за новите, поопасни услови на патиштата. Правилната...

Македонија8 часа

ЦУК: Апелираме за на зголемена внимателност при движење низ улиците каде има проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Кичево8 часа

(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани

Веднаш по доаѓањето на новата локална самоуправа во Општина Кичево се отпочна со значителни чекори напред со нова енергија, нова...

Автомобили8 часа

(ВИДЕО) BMW „M340i xDrive 50 Jahre Edition“ одбележува 50 годишнина од почеток на продажбата

BMW ја одбележува 50-годишнината од почетокот на продажбата на својата легендарна Серија 3 со специјално издание на моделот M340i xDrive,...

Спорт9 часа

Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел

Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите...

Временска прогноза11 часа

Во овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!

Под влијание на серија на големи влажни воздушни бранови од запад  и истите се поврзани со циклонски систем со центар...

На денешен ден19 часа

Светот на денешен ден (18 ноември)

Среден век и големи откритија 1477 – Основан е рускиот град Екатеринбург. 1493 – Кристофер Колумбо за првпат го здогледува...

НАЈЧИТАНИ