Кичево
(ФОТО) ОВР Кичево вчера со ученици од прва година реализираше превентивно-едукативен проект „Стоп за говор на омраза“
ОВР Кичево, вчера (20.03.2024) година го реализираше превентивно-едукативниот проект „Стоп за говорот на омраза“. Полициските службеници од Отсекот за превенција со околу 100 ученици од прва година од Општинското средно училиште „Дрита“ имаа интерактивен час за препознавање на елементите на говор на омраза, но и за потребата од меѓусебно почитување односно превенирање на каков било вид на насилство.
На учениците им беше поделен едукативен материјал, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата.
По преземени мерки, тој е пронајден и приведен во полициска станица, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево1 денОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија22 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Кичево4 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп17 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза15 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Lifestyle3 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Магазин1 денGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
