Следете не

Кичево

(ФОТО) ОВР Кичево вчера со ученици од прва година реализираше превентивно-едукативен проект „Стоп за говор на омраза“

Објавено пред

на

©porta.mk

ОВР Кичево, вчера (20.03.2024) година го реализираше превентивно-едукативниот проект „Стоп за говорот на омраза“. Полициските службеници од Отсекот за превенција со околу 100 ученици од прва година од Општинското средно училиште „Дрита“ имаа интерактивен час за препознавање на елементите на говор на омраза, но и за потребата од меѓусебно почитување односно превенирање на каков било вид на насилство.

На учениците им беше поделен едукативен материјал, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

Кичево

Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943 година пред 81 година станува првоослободениот град во Македонија

Објавено пред

на

На денешен ден, 11 септември 1943, пред точно 81 годинa по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево. Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот.

За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…

Партизанските единици маршираат во слободно Кичево, 11 септември 1943 година

За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.

Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.

Прочитај повеќе...

Кичево

Предмалку се случила сообраќајка на рег. пат Кичево-Охрид

Објавено пред

на

Предмалку на регионалниот пат Кичево-Охрид, на самата клучка за Демир Хисар и Битола се случила сообраќајка каде учествувале повеќе возила.

Сообраќајот моментално се одвива наизменично, нема застој.

Екипи на ОВР Кичево веќе се на увид.

Од наши извори од терен, станува збор за верижен судар помеѓу пмв. комбе и два автомобили.

Прочитај повеќе...

Кичево

Жител на Кичево во с.Бигор Доленци се однесувал агресивно со Полицијата, бил лишен од слобода

Објавено пред

на

На 04.09.2024 во 19.15 часот, на локален пат во кичевското село Бигор Доленци, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Ф.А.(41) од Кичево затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура39 минути

(ФОТО) Во Бигорскиот Манастир тројца нови монаси во прегратките на Христовата љубов

Нема сомнение дека монаштвото е една највеличествена света тајна во Црквата Божја. Во една прилика, нашиот Старец, Епископот г. Партениј...

Кичево2 часа

Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943 година пред 81 година станува првоослободениот град во Македонија

На денешен ден, 11 септември 1943, пред точно 81 годинa по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици...

Култура9 часа

Денес е тежок празник – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител и се јаде посно

Православните христијани денес го одбележеуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. Празникот посветен на погубувањето на св. Јован...

Спорт10 часа

Петраков: „Моите играчи вечерва како да не ги препознав, товарот за негативниот резултат со играч повеќе го преземам лично“

Олександр Петраков после мечот на прес конференција додаде збор-два за неговата селекеција, односно за поразот на градски во Скопје. За...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за среда (11 септември)

Овен Внимавајте на можните компликации на полето на работата. Неповолен ден за вас. Можете да се надевате на убаво познанство...

Спорт10 часа

(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија

Македонската репрезентација дојде до првата победа во четвртото издание на Лига Нации со победата над Ерменија вечерва со резултат 2:0...

Магазин11 часа

Загриженост или револуција? Како студентите го користат „ChatGPT“ во академскиот свет

Во ерата на дигиталната трансформација, вештачката интелигенција (ВИ) стана неизбежен дел од секојдневието, особено во академскиот свет. Студентите денес се...

Временска прогноза11 часа

Дали грејната сезона оваа година ќе започне порано?

По долгото и екстремно топло лето, се чини дека грејната сезона многу порано ќе ни започне и дека од куси...

Магазин22 часа

7 функции за безбедност на Android што треба да ги користите

Вашиот телефон со Android доаѓа со многу функции кои ја подобруваат безбедноста на вашите податоци и уред. Еве неколку клучни...

Магазин22 часа

Google почна да ги брише сметките на Gmail – 3 чекори за да ги зачувате вашите

Не, нема сите да бидат изложени на ризик бидејќи Google ги брише само неактивните сметки на Gmail. За да ви...

НАЈЧИТАНИ