Скопје
(ФОТО) Повеќе од 3000 учеснички ја истрчаа единаесеттата Авицена Женска трка во Скопје
Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол Авицена Женска трка, денеска го одржа своето 11то издание со над 3000 учеснички, што е нов рекорд на натпреварувачки.
Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно.
– „Со денешната 11та Авицена Женска трка, со поставен рекорд од 3000 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сѐ поголем број натпреварувачки. Ги поканувам сите заинтересирани да се пријават и земат учество на трките во наредниот период, а секако ги чекаме и наредната година на 12тото издание на Авицена Женска трка.”, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.
Во прилог неколку фотографии од настанот:
Скопје
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. г-дин Петер Пелегрини.
На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, известуваат од МВР.
Скопје
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место
Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас! Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе стане дом на „Startup Revolution Summit.ai“ – четиридневен регионален настан кој ќе ги собере на едно место визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција.
Во организација на „Стартап Клуб Скопје“, самитот ќе донесе над 1000 учесници од целиот регион – стартапи, инвеститори, истражувачи, студенти, фриленсери и AI ентузијасти. Програмата започнува во „Филхармонија“, каде ќе се одржат главните говори, панели и отварањето на самитот, а продолжува во „Македонска опера и балет“, каде ќе се одвиваат финалните настани, инвестициските презентации, startup showcase и големото затворање. Двете локации се култни институции во срцето на Скопје и ќе бидат центар на иновацискиот пулс што доаѓа. Очекувајте говорници од Европа и пошироко, практични сесии, инвеститорски средби, нетворкинг активности и содржини што ја отсликуваат новата бранова реалност која ја носи вештачката интелигенција во стартап светот.
Самитот е продолжение на успешната приказна зад наградуваниот подкаст „Стартап Револуција“, кој го создаде тимот на „Стартап Клуб Скопје“. Од аудио платформа до регионално движење, од разговори до активна заедница – сега оваа иницијатива кулминира во најголемиот самит за стартапи и AI во Македонија досега.
Ова не е само настан – ова е покана за сите кои сакаат да учествуваат во креирањето на технолошката иднина: дали си основач на стартап, AI практичар, истражувач, млад ентузијаст или едноставно љубопитен за трансформацијата што се случува пред нашите очи. Startup Revolution AI Summit ќе биде местото каде се поврзуваат идеи, луѓе и можности, создавајќи мост помеѓу регионот и глобалната сцена на иновации.
Покрај самитот, отворен е и јавниот повик за мапирање на регионалниот AI екосистем, посебна иницијатива со која се покануваат сите активни чинители од областа на вештачката интелигенција да се вклучат: стартапи, компании, инвеститори, фриленсери, истражувачи, академски институции и организации. Секој што ќе се пријави ќе биде дел од визуелна интерактивна мапа и специјален печатен буклет, кои ќе бидат промовирани на самитот и споделени со сите учесници.
Оваа мапа ќе служи како алатка за подобро вмрежување, регионално позиционирање и креирање нови партнерства. Ако си дел од AI екосистемот – приклучи се, остави свој белег и стани дел од историјата што заедно ја пишуваме.
Повеќе информации и пријави ТУКА
/ПР
Скопје
МВР: Старец во с.Љубин бил пронајден починат во неговиот дом, лекар на итна медицинска помош констатирал смрт
На 22.09.2025 во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неговиот дом во с.Љубин, скопско бил пронајден починат Ф.Ш.(79), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, известува МВР.
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура2 денаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза2 денаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Хороскоп7 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин18 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин18 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин18 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин18 часаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон




